• Latest

Незири: Преговорите со ЕУ по 13 години чекање беа несомнено добра вест за сите, блокадите на патот кон ЕУ мора да останат во минатото

January 4, 2023
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Незири: Преговорите со ЕУ по 13 години чекање беа несомнено добра вест за сите, блокадите на патот кон ЕУ мора да останат во минатото

January 4, 2023 12:19
in ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ покани бројни јавни личности да учествуваат на годишниот настан „Перспективи 2023“ со изјави за свои видувања на изминатата година и перспективите за претстојната. На поканата одговори и политичкиот аналитичар Џелал Незири, кој во своите одговори за ЦИВИЛ Медиа се осврнува на главните случувања од изминатата година, и свое гледиште за тоа како ќе изгледа 2023 година на политичко, економско и општествено ниво.

ЦИВИЛ:  Како ќе ја оцените годината што изминува?

Незири: 2022 година беше година на кризи. Заврши кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус, продолжи кризата предизвикана од руската агресија во Украина. Порастот на цените на основните прехранбени производи, енергијата, инфлацијата, неизвесноста и цикличните политички кризи ја карактеризираа 2022 година. На национално ниво, односно во Северна Македонија, исто така има драматични движења. Отворањето на пристапните преговори со ЕУ по 13 години чекање беше несомнено добра вест за сите. Но, тековната економска криза тешко ги погоди граѓаните, особено најсиромашните слоеви на општеството.

ЦИВИЛ: Кои се перспективите во претстојната година?

Незири: Ќе биде многу подобро од оваа година. Светот веќе успешно ги преброди шоковите од пандемијата и војната во Украина. Северна Македонија му припаѓа на Западот, кој веќе најде начини да управува со енергетските или геополитичките кризи. Западот не е географија, туку вредности што значат демократија, слобода, еднаквост, владеење на правото, солидарност и човечко достоинство. Сè додека земјата ќе продолжи да ги негува овие вредности, нема да има причина за грижа. Блокадите кон ЕУ мора да бидат минато. Нема повеќе соседни земји кои можат да стават вето на патот на Северна Македонија кон ЕУ. Забрзувањето на интеграциите значи пристап до повеќе европски фондови и инвестиции, пристап до програмите на ЕУ, европскиот пазар на труд и слично. Овој процес ќе ги открие и елиминира сите системски недостатоци или пречки кои го спречуваат економскиот развој. Политичките партии мора да се обединат околу европската агенда. Има многу други теми за силни замерки, како корупција, немање резултати во различни сфери на животот, немање социјална правда итн. Но, овие приговори не треба да доведат до блокада во процесот на евроинтеграции.

превод од албански и обработка на текст: Д. Тахири


Извор: CivilMedia | Оваа содржина е дел од серијата панел дискусии на ЦИВИЛ и мултитематски медиумски прилози, ставови и анализи под заеднички наслов Перспективи 2023. Дозволено е преземање според лиценцата Creative Commons 4.0.

Tags: Перспективи 2023ЦивилЏелал Незири
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ