• Latest

Никарагва бара Германија да ја стопира поддршката за Израел

April 8, 2024
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Никарагва бара Германија да ја стопира поддршката за Израел

April 8, 2024 18:22
in КОНФЛИКТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг (МСП) денеска почна дебата за тврдењето на Никарагва дека Германија му помага на Израел да изврши геноцид во Појасот Газа.

Амбасадорот на Никарагва, Карлос Хозе Аргуело Гомез пред Судот истакна рече дека Германија ја продолжува својата воена поддршка за Израел, иако е свесна дека израелските прекршувања може да претставуваат чин на геноцид.

– Случајот пред нас вклучува важни настани кои влијаат на животите и благосостојбата на стотици илјади луѓе, па дури и на уништување на цела нација. Сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право и другите императивни норми на меѓународното право, вклучително и геноцид, наведе Гомез.

Тој додаде дека Германија како потписничка на Конвенцијата за геноцид од 1948 година „мора да ги почитува своите обврски и да престане да испраќа оружје и воен материјал во Израел“.

– Никарагва бара од Судот да и нареди на Германија да престане да го поддржува Израел во неговата кампања за уништување на палестинскиот народ, посочи Гомез.

Тој побара од МСП „да преземе привремени мерки против Германија и нејзината вмешаност во можниот тековен геноцид во Газа“.

– Германија мора веднаш да ја прекине помошта за Израел, особено воената помош, извозот на воена опрема и воено оружје. Германија мора веднаш да се погрижи воената опрема или оружјето и другата опрема што се користи за воени цели, а кои веќе му се испорачани на Израел, да не се користат за извршување или олеснување на сериозни прекршувања на Конвенцијата за геноцид, посочи Гомез.

Берлин е еден од најсилните поддржувачи на израелската воена офанзива во Газа, и покрај зголемениот притисок на јавноста. Германија одобри извоз на оружје за Израел во вредност од 326,5 милиони евра во 2023 година, од кои повеќето беа одобрени по 7 октомври 2023 година, што е десеткратно зголемување во однос на 2022 година.

Израел уби повеќе од 33.000 луѓе во нападите врз Појасот Газа по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година.

Кон крајот на 2023 година, Јужна Африка поднесе жалба до МСП, обвинувајќи го Израел дека не ги исполнил своите обврски од Конвенцијата за геноцид. Судот на Обединетите нации во јануари донесе привремена одлука дека тврдењата на Јужна Африка се убедливи.

Претходно, портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, Себастијан Фишер пред сослушувањето ги отфрли обвинувањата на Никарагва.

– Германија не ја прекрши ниту Конвенцијата за геноцид, ниту меѓународното хуманитарно право и тоа целосно ќе го докажеме пред Меѓународниот суд на правдата, изјави Фишер.

Судските одлуки се обврзувачки, но немаат механизам за извршување. На пример, МСП и нареди на Русија да ја запре инвазијата врз Украина, но безуспешно.

Никарагва побара пет привремени мерки, вклучително и Германија „веднаш да ја прекине помошта за Израел, особено воената помош вклучително и воена опрема“.

Исто така, го повикува судот да и наложи на Германија да ја „поништи својата одлука да го прекине финансирањето на УНРВА“, пренесува МИА. Германија во јануари соопшти дека го стопира финансирањето во очекување на истрага за израелските наводи дека неколку членови на персоналот на УНРВА биле вмешани во терористичкиот напад на 7 октомври.

Tags: ГерманијаИзраелМСП
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ