• Latest

Николов ветува изградба на брана на реката Отиња, 100 типски куќи за социјално загрозени семејства, бесплатни заштитни маски

December 4, 2020
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Николов ветува изградба на брана на реката Отиња, 100 типски куќи за социјално загрозени семејства, бесплатни заштитни маски

December 4, 2020 11:57
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатот за градоначалник, Сашко Николов, од СДСМ, вели дека кампањата за овие предвремени локални избори во Штип се води поразлично во споредба со претходните парламентарни избори кога кандидатите имаа можност да држат трибини со одреден број на граѓани, сега целата кампања се води онјалн, преку социјалните мрежи и медиумите. Тој истакна дека сите кандидати за градоначалник се придржуваат до мерките за заштита од корона вирусот, истакна на панел дискусија на ЦИВИЛ за предвремените локални избори закажани на 13 декември. Панел дискусијата е во рамки на Фестивалот на слободата во организација на ЦИВИЛ, по повод Меѓународниот ден на човековите права.

Николов нагласи дека точно знае кои се потребите на штипјан(к)и, бидејќи на претходните парламентарни избори што се одржаа летото бил на терен и ги слушал барањата на граѓаните.

„Во мојата програма е предвидено во населбата Сењак да изградиме голема крстосница, улицата „Панче Карѓозов“ која е со коцка планирано е да се направи целосна реконструкција, дел од „булеварот Партизанска“ ќе се реконструира.

Предвидено е да се изградат 100 типски куќи за социјално загрозени семејства во наредните 10 месеци во населбата Света Недела, бидејќи е недозволиво наши сограѓани да живеат во такви услови. Во тој дел нема да се сече шумата, бидејќи приоритет ми е заштита на животната средина.

Капиталниот проект, брана на река Отиња, кој 35 години беше само сон за многу генерации, за штипјани станува реалност. Проектот предвидува брана со корисен волумен од 3 милиони метри кубни вода и опфат од 120 хектари, во кои покрај водното огледало е предвидена и заштитна зона. Вредност на проектот е проценета на 7,5 милиони евра, обезбедени од Владата на Република Северна Македонија“, нагласи Николов.

Тој најави и неколку капитални проекти за реконструкција на неколку училишта кои се во градот, како и изградба на спортски сали.

„Прво нешто што ќе направам кога ќе дојдам на власт е Советот на општината да изгласа да се направи фонд од кој ќе се издвојат средства за бесплатно делење на заштитни маски за секој граѓанин.

Во екот на пандемија во соработка со Црвен крст ќе им помагаме на тие што се болни и изнемоштени лица, на децата со посебни потреби, стари лица и социјално загрозени семејства“, потенцираше Николов.

Николов нагласи дека сите кандидати имаат одлични идеи. Тој ги повика граѓаните на Штип да го остварат своето право на глас за општината да може да функционира за да не влезе како што рече „градот во институционална блокада“.

„Како што секој ден одите да купувате намирници за вас и вашите блиски, да дојдете и да гласате за кандидатот кој сметате дека е најдобар, секако со маска и дезинфекција на рацете“, заклучи Николов.

Д. М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ