• Latest

Николовска: Граѓанските организации имаа помал удел во нашата работа поради здравствената криза

October 21, 2020
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Николовска: Граѓанските организации имаа помал удел во нашата работа поради здравствената криза

October 21, 2020 16:14
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter
По презентација на Посебниот извештај за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања за предвремените парламентарни избори, во изјава за ЦИВИЛ Медиа, Катица Николовска, од Државната комисија за спречување корупцијаи судир на интереси, рече дека здравствената криза придонела да малиот удел на граѓанските организации во нивните активности, но оддруга страна дека постои задоволство во сработенотото на нивните 17 набљудувачи што го мониторираа политчкото финансирање.

ЦИВИЛ Медиа: Дали и на кој начин учествуваа невладините организации во мониторингот на политичкото финансирање, со оглед на здравствената криза?

Николовска: За жал, оваа година соработката со невладините ни беше во помал обем во однос на претходните избори.  Баш во тој период кога започна изборната кампања имаше ситуација кога во вработени во Секретаријатот беа позитивни на Ковид-19 и дел од нас бевме во само изолација. Поголем дел од активностите ги вршевме од дома, присуството не ни беше многу јака страна во просториите на ДКСК, меѓутоа успеавме да се организираме и да ги завршиме нашите надлежности во рокови согласно нашиот закон.
ЦИВИЛ Медиа: За првпат ДКСК имаше прилика да имате ваши набљудувачи за мониторинг на политичко финасирање за време на изборите. Колку сте задоволни од искуството, какви резултати даде еден ваков начин на мониторирање на политичкото финансирање?
Николовски: За прв пат јас сум лично задоволна од ефектот што го постигнавме. Во прв момент имаше мала резерва од учесниците во изборната кампања, во смисла кои сте, што сте, кој ви дал надлежност… имаше такви прашања до набљудувачите, но кога ќе се објасни дека имаат дозвола и дека во наше име ги набљудуваат изборите, набљудувачите известуваа дека имаат позитивен став од учесниците. Им се понудиле за помош ако им требаат податоци, да им бидат доставени и ред други работи.  Фактот што ни се погоди короната и што бевме во изолација не органичи малку поактивно да ги следиме набљудувачите, па можеби ќе имавме и подобри резултати. Како за прв пат јас сум задоволна. Од тоа што го обезбедивме, јас сум задоволна и ќе биде добро за проверка на финансиските извештаи од Државниот завод за ревизија. Сепак, ова ни останува како искуство, па за наредните избори учејќи низ грешки, се надевам дека ова ќе го подигнеме на едно повисоко ниво.
ЦИВИЛ Медиа: Со кои капацитети располага ДКСК и дали уште имате недостиг со оглед на вашата работа?
Николовска: За жал, ситуацијата е непроменета. Бројот на вработени минатата година се зголеми за три нови вработени. Ситуацијата не е променета. Во текот на вонредната состојба, дел од вработените што беа предвидени како родители на мали деца беа дома, значи годината ни беше особена тешка. Се надеваме дека со овој буџет, со овие планови, во текот на наредната година ќе започнеме интензивно да регрутитраме нови лица, ќе го зајакнеме капацитетот на Секретаријатот и дека ќе бидеме малку поспремни за наредните избори.
ЦИВИЛ Медиа: Неодамна министерот за правда, Бојан Маричиќ, најави формирање на работна група за изборни реформи. Иако формално уште не е започната, кои други препораки, освен во делот на политичкото финансирање ќе ги понуди ДКСК, со претопставка дека ќе бидете дел од работната група?
Николовска: Јас се надевам дека ќе бидеме дел од оваа група.  Нормално, како се менува законот така се јавуваат проблеми во негово спроведување. Системските слабости што ги истакнуваме во Извештајот за утврдени злоупотреби во финансирањето на изборната кампања се проблеми на кои сме наишле во нашето постапување. Има цела друга лепеза која не нè засега нас директно, а ги засега други институции. Се надевам кога ДЗР ќе ги заврши своите ревизии ќе излезе со свои наоди за системски слабости, како во делот на финансирање, така и во делот на следење на изборите, на известувањето и ред други работи што произлегуваат од тие активности.  Ние секогаш добро соработуваме со ДЗР. наредната недела ќе имаме состанок со нив во делот на наодите каде ние имаме сомнежи дека постојат неусогласувања во делот на финансирањето на изборните кампањи.
Биљана Јордановска
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ