• Latest

Николовски: Борбата против корупцијата е ставена како врвен приоритет

October 15, 2020

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Николовски: Борбата против корупцијата е ставена како врвен приоритет

October 15, 2020 09:28
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

“Доаѓа момент, узурпираните институции, кои системски беа уништувани со години, сега да влезат во еден процес на реорганизација на трансформација и на целосен сервис кон граѓаните, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, во емисијата „Екононмски магазин“, на телевизијата АлсатМ.

При тоа, вицепремиерот Николовски посочи дека преку неговата функција којашто е координативна веќе се воспоставува пракса на редовна и тековна поддршка на институциите кои треба да се борат против корупцијата, а кои досега можеби немале или имале слаба комуникација. Николовски истакна дека координацијата и соработката на сите надлежни институции значително ќе се зајакне, а со тоа и борбата против корупцијата и криминалот.

„Ние не можеме да зборуваме за борба против корупција и инвестиции, кога ние имавме многу покрупни проблеми од кои зависеше опстанокот на државата. Имавме еден режим којшто ги сруши сите институции и сега ние почнуваме од минусно салдо, да работиме нешто што треба другите генерации да го сработат. За две години станавме членка на НАТО, ги решивме сите крупни проблеми, добивме одлука за почеток на преговорите со Европската Унија, и добро е што денеска во сите извештаи зборуваме за борба против корупцијата и приоритетите и она што ни се поставува како задачи се токму овие теми кои се значајни за граѓаните, за да се врати довербата во системот, за да постои ред, дисциплина, за да постои правда во сите области, не е тоа само нешто во судството, туку да ги доведеме во ред работите и да профункционираат институциите. Затоа беше потребата од една координитивна улога во овој период којашто сега се воспоставува“, изјави Николовски.

Воедно, вицепремиерот потенцираше дека дел од приоритети се кратење на сите дискрециони права, бенефиции и привилегии, кои што ги имаат  функционерите, потоа  измени во целокупното кривично законодаство, кратење на непродуктивни трошоци.

Во делот на извештаите од Државниот завод за ревизија, Николовски посочи дека досега нема податок некој функционер да е разрешен врз основа на ревизорски извештај.

„Не се сеќавам и не најдов податок дека досега некој функционер е разрешен врз база на ревизорски извештај од Државниот завод за ревизија, а ако отворите некој од нив ќе видите дека не се имплементирани ниту препораките, она што им е обврска на раководните структури во рок од три, шест месеци да го направат.Ги гледаме и ги констатираме сите слабости во системот, неповрзаноста, некоординираноста, и како вицепремер ќе бидам тука да помогнам, но не како паралелен систем“, изјави Николовски, додавајќи дека автономноста на институциите од извршната власт, но и цврстите регулаторни тела треба да се јакнат и ќе ја добијат целокупната  поддршка да работат на чесен и одговорен начин со многу храброст и енергија, сите заедно, од сите политички структури.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ