„Како одговорна партија целосно сме фокусирани во поддршка на институциите кои бескомпромисно се борат против заканата од ширењето на коронавирусот“, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ, на денешната прес конференција.
Николовски упати апел до граѓаните целосно да ги почитуваат мерките и преораките на надлежните органи во време на пандемија од Ковид-19.
„Во време кога сме соочени со силна здравствена и економска закана, се остваруваат две стратешки цели на државата. Република Северна Македонија и официјално стана членка на НАТО и започнува преговори со ЕУ. Ова освен што е признание за исправните и успешни политики на СДСМ, значи и поголема помош во справувањето со здравствените и економски предизвици во справувањето со коронавирусот.
Денеска, веќе сведочиме на првичните придобивки. Европската Унија како првична помош во справување со коронавирусот одвои меѓу 66 и 70 милиони евра кои се на располагање на Република Северна Македонија. Од нив 50 милиони евра се наменети за економско-социјалното закрепнување, 9 милиони евра се одвоени за поддршка на приватниот сектор. Како членка на НАТО Алијансата нашата земја веќе го користи системот за командување со инциденти од следната генерација на НАТО за да го координира својот одговор на кризата ковид-19 и да и обезбеди на својата јавност информации и совети во реално време“, изјави Николовски
Николовски порача граѓаните да бидат соилдарни, заеднички да си помагаат за што побрзо излегување од финансиската криза, за да има што помалку семејства кои ќе бидат погодени од негативните последици врз економијата.