• Latest

Николовски за коридорите 8 и 10: Ќе биде недомаќински однос кон буџетот да го прекинам договорот а 240 милиони евра се кај изведувачот и не може да се вратат

July 10, 2024

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
Војо Маневски

На премиерот (ќе) нема кој да му пишува

October 27, 2025

Инспектор од Струмица пукнал во полициска станица откако добил отказ!

October 27, 2025

Пет дена до изборниот финиш! Мицкоски со критики до Рамадани, Филипче најави „чистка“ во СДСМ

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Николовски за коридорите 8 и 10: Ќе биде недомаќински однос кон буџетот да го прекинам договорот а 240 милиони евра се кај изведувачот и не може да се вратат

July 10, 2024 14:36
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д, кој е касифициран како државна тајна, за да биде објавен потребна е согласност од двете страни. Наша главна цел ќе биде  да добиеме што повеќе километри од тој договор, вели вицепремиерот за економски прашања и министер за транспорт Александар Николоски, пренесе МИА.

– Во однос на овој договор јавноста треба да знае дека тој е класифициран како државна тајна што според моето скромно правничко познавање на оваа материја мислам дека не е согласно закон затоа што е многу јасно во Македонија што може да се класифицира како државна тајна. Претпоставувам дека идејата на партнерот на другата страна била да се потпише еден класичен (англиски) или договор во којшто не се изнесуваат детали на конкуренцијата, но тоа е една работа, а сосем друга работа е да потпишете договор државна тајна што создаде магла околу договорот, изјави Николоски.

Посочи дека имал една средба со претставниците на овој конзорциум на која кажал дека договорот треба да се декласифицира.

– За жал, како е поставен договорот, мора двете страни да дадат согласност за оваа работа и се надевам дека ќе дадат согласност да го декласифицираме и јавноста да го види, рече Николоски.

Она што е побитно, според Николоски, е што земјата може да добие од тој договор, односно да добие повеќе километри автопат од тоа што е потпишано.

– Тоа ќе биде нашата главна битка во годините што следуваат – да добиеме повеќе километри автопат во рамки на истата финансиска сума која што е договорена, а исто така јавноста треба да знае дека претходната влада на СДСМ и ДУИ веќе има исплатено 240 милиони евра на изведувачот за буквално ништо, односно за т.н. подготвителни работи што не ги гледаме и мислам дека ќе биде недомаќински однос кон македонскиот буџет, ако сакате и душмански јас сега да го прекинам договорот, а тие средства се веќе кај изведувачот и не може да се вратат. Изведувачот може да тужи и да побара арбитража и веројатно да платиме уште толку и да отидат половина милијарда евра на македонските граѓани, а да немаме ни километар автопат. Тоа што мислам дека е правилен пристап е да се бориме со нив, да добиеме што повеќе километри автопат, што побрзо изградиме во Македонија, вели Николоски.

Прашан дали нашле криминал во овој проект за што ја обвинуваа тогашната влада, Николоски рече дека Државниот завод за ревизија има извештај во однос на оваа работа којшто е направен пред тој да стане министер, и оти сега Обвинителството треба да го разгледа.

Во однос на ископот во Прилепско, беше кажано дека тоа е надлежност на изведувачот. Јас слушнав за таа работа, така што тие треба да си најдат најсоодветно решение од каде ќе црпат суровини коишто се потребни за автопатот, тоа не е наша обврска.

Деканот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски прашан за реализацијата на договорот со „Бехтел и Енка“ изјави дека според она колку е информиран за тој проект, досега нема технички проблеми што влијаат на динамиката на реализиација.

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ согласно потпишаниот договор со претходната Влада, за 57 месеци, или во 2027 година, треба да ја заврши изградбата на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д во вкупна должина од 110 километри. Договорот беше потпишан на 8 март лани, а изградбата на автопатските делници ќе чини околу 1,3 милијарди евра. Ова треба да е конечната цена, но под услов да се направат измени на неколку закони со кои треба да им се олесни работата на изведувачите. Во спротивно, автопатите ќе се градат подолго и ќе чинат поскапо, за што, според обвинувањата на тогашната опозиција, Владата се обврзала да му плаќа огромни пенали на американско-турскиот конзорциум.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: договор „Бехтел и Енка“коридор 8 и 10Николовски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ