• Latest
photo: Alexandros Stamatiou

Нимиц: Има разлики во ставовите меѓу двете земји, но јас сум оптимист

February 1, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нимиц: Има разлики во ставовите меѓу двете земји, но јас сум оптимист

February 1, 2018 18:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
photo: Alexandros Stamatiou

photo: Alexandros Stamatiou

Share on FacebookShare on Twitter

Процесот оди напред, кај двете страни има волја да се најде решение. Се создава позитивен момент што треба да се искористи. Сега е вистинското време да се постигне решение и конечно регионот да тргне напред, а да продолжи соработката и пријателството меѓу двете земји, изјави посредникот на ОН во разговорите за името Метју Нимиц по средбата во МНР со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Прашан дали неговите предлози, покрај името, вклучуваат и промена на идентитетот, Нимиц рече дека досега не чул ништо од грчка страна што би значело порекнување на идентитетот на народот во Македонија

– Верувам дека решението, кое е можно, е конзистентно. Има разлики во ставовите меѓу двете земји, но јас сум оптимист, изјави Нимиц.

Тој појасни дека тукашната влада е целосно компетентна да го задржи идентитетот и народот во држвата не треба да ставува дали има влада која се грижи за неговиот идентитет, и додаде дека идентитетот го одредуваат самите народи, а ОН работат со држави во однос на тоа како се употребува името на државата и не се расправа за идентитетот.

Прашан што доколку во разговорите биде допрено прашањето за идентитетот, Димитров децидно одговори дека тоа нема да се прифати.

– Апсолутно не. Идентитетот не може да биде предмет на преговори, бидејќи не е предмет на одлука. Тоа е резултат на историски процес и прашањето е многу поголемо од мене, и воопшто од целата генерација на денешните политичари, а веројатно и идните. Ако дојдеме до таа точка за решние да треба да се допре иднетитетот, за жал нема да има решение. Но, ќе биде многу жално ако две европски држави во 21 век тоа не го препознаат, рече Димитров.

Тој изјави дека станува збор за исклучително прашање за граѓаните на РМ и се следи со големо внимание и загриженост.

– Ние имаме целосно разбирање за тоа. Сакаме ова прашање да се реши на начин што и кај нас и во Грција ќе се смета за достоинствен. Имаме разбирање за граѓаните на Грција кои се идентификуваат како Македонци, но во Европа во 21 век не само нашите соседи во Грција, туку никој не може да го допре и нашето право да бидеме Македонци и да зборуваме на македонски јазик, кој е во групата на словенски јазици, рече шефот на дипломатијата.

Димитров за важна ја оцени помошта на Нимиц, но предупреди дека треба да се биде исклучително внимателен при соопштување на крајните ставови во јавноста. Според него, за да има решение многу е важно во процесот да се однесуваме внимателно, бидејќи колку повеќе зборуваме за црвени линии во јавноста, толку помалку има простор за разговор и се намалуваат шансите да се најде решение што ќе биде прифатено за двете страни.

– Од наша страна има волја, се надеваме дека и од другата страна ќе има. Ако има достоинствен начин што го почитува идентитетотот и достоинството на двете страни, ќе го најдеме. Можно е и да нема таков начин, но наша обврска е да се обидеме да го најдеме, изјави Димитров.

Посочи дека се разговарало за идеите на Нимиц, детално и сериозно.

– Има идеи кои не се така лоши и некои кои не се така добри и создаваат загриженост кај нас. Врз осноа на тоа што го добил во Грција и од разговорите во Скопје ќе видиме како ќе тече процесот, рече Димитров.

Прашан дали власта е подготвена за измени во Уставот, шефот на македонската дипломатија, рече дека ако одговори на прашањето нема да направи услуга на процесот и посочи дека во Грција постои збунетост за тоа каде гледаат иредентизам. Нагласи дека голем број прашањање каде Грците гледат иредентизам се решени во 1992 година со два амндамана на македонскиот Устав и со Времената спогодба.

– Ако разговараме за прашања без да ги провериме фактите се изложуваме на ризик да ја збуниме јавноста и јавното мислење. Но, мора да му дадеме шанса на процесот. Шансата постои и треба да ја искористиме докрај, рече Димитров.

Во однос на тоа дали гледа иредентизам во името Македонија, за што обвинува грчката страна, Нимиц потсети дека изминатите години ова прашање било дискутирано и упати на Резолуцијата на СБ на ОН од 1992 година.

– Треба да се навратиме на Резолуцијата на Советот за безбедност од 1992 година во коа што СБ на ОН во тоа време одлучи ова прашање е безбедносно прашање и затоа се предвиде привремената референца и почна процесот на разговори. Без да навлегувам во тоа што е иредентизам во историјата на една држава или термин кој што не потекнува од регионот или различни земји имаат различен став кон тоа што е иредентизам, не е мое да пресудувам, јас не сум судија, јас сум медијатор кој се обидува да ги спои двете страни, рече Нимиц.

Запрашан дали има друг план, ако има волја на македонска страна, а грчката вели не, Нимиц рече дека не сака да шпекулира за тоа што ќе се случи ако овие разговори не успеат, затоа што смета дека е стигнато до точка до која двете страни напорно работат за решение.

– Верувам дека е дојдено време да се донесе одлука. Преговорите нема да станат полесни во иднина. Тоа значи мора да се соочиме со прашањата. Имаме две влади со компетентни дипломати и одлучни лидери. Тоа е од помош и треба брзо да се придвижиме напред кон решени. Мислам дека во следните меколку месеци ќе видиме дали ќе биде постигнат напредок или не, рече посредникот на ОН.

Според него, ако не се најде решение иднината е несигурна, и никој не може да предвиди што ќе се случува следната година и ќе биде трагично ако спорот продолжи уште 20 години.

– Ова прашање треба да се реши и луѓето да продолжат да се занимаваат со важните работи во нивниот живот. Има две влади кои напорно работат на постигнување решение, рече медијаторот Нимиц.

Посредникот во спорт за името Нимиц претпладнето имаше средби со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, а попладнево ќе разговара и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ Христијан Мицкоски и Али Ахмети.


Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ГрцијаиметоМакедонијаНимицспор
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ