Номинацијата на министерката за правда Рената Дескоска за член на Венецијанската комисија е прифатена.
„Денеска е прифатена мојата номинација за член на Венецијанската комисија. Тоа е и потврда дека се исполнети критериумите за членство во комисијата. Благодарам за довербата!“, се зaблагодари министерката на социјалните мрежи.
Како што пренесува 360 степени, околу номинацијата на Дескоска за член на ова тело, како претставник на Северна Македонија, негодуваше и опозицијата. Христијан Мицкоски, вчера обвини за конфликт на интереси и ја повика Антикорупциската комисија да реагира.
Претседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска за 360 степени изјавила дека Комисијата ќе се произнесе дали има потреба да се поведе иницијатива за случајот со Дескоска.