Во Брисел денеска и утре ќе се одржи нова рудна преговори во рамки на дијалогот Белград-Приштина, што се води со посредство на ЕУ, на ниво на главни преговарачи, информира денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Ануар ел Ануни.
Тој додаде дека од косовска страна на денешните разговори ќе присуствува првиот заменик премиер Бесник Бислими, додека, како што рече, Србите ќе пристигнат утре.
– Би се воздржал од навлегување во какви било информации или предвидувања до што би можело да доведат овие разговори, изјави Ел Ануни во одговор на новинарско прашање што очекува ЕУ од оваа рунда од дијалогот, во услови кога се уште не е формирана нова влада во Косово, која би била одговорна за спроведување на евентуален договор.