• Latest
фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ

Нова учебна година, стари проблеми: Стрес и загриженост на родителите

August 29, 2024
Ормуски теснец (Фото: Скриншот Google Maps)

Незвесност и ескалација на Блискиот Исток: Иран воведе нови ограничувања за Ормускиот теснец, отвори оган врз танкер

April 18, 2026

Канада: „Согласноста“ за летен камп не е дозвола за одземање деца

April 18, 2026

Осми избори за пет години во Бугарија, иста дилема: Кој ќе победи – и кој ќе владее?

April 18, 2026

РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

April 17, 2026

(ВИДЕО) Кога медиумите се бојно поле: д-р Волфганг Ресман за хибридното војување и проектот Hate-Less

April 17, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

April 17, 2026

Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

April 16, 2026

РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

April 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

April 16, 2026

Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

April 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Ормуски теснец (Фото: Скриншот Google Maps)

    Незвесност и ескалација на Блискиот Исток: Иран воведе нови ограничувања за Ормускиот теснец, отвори оган врз танкер

    Канада: „Согласноста“ за летен камп не е дозвола за одземање деца

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

    ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Ерол Ризаов

    Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Кој со Орбан тикви садел…

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Осми избори за пет години во Бугарија, иста дилема: Кој ќе победи – и кој ќе владее?

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ОБРАЗОВАНИЕ

Нова учебна година, стари проблеми: Стрес и загриженост на родителите

На учениците и нивните родители ништо не им значи тоа што се смени власта и дојде нова министерка за образование. Проблемите остануваат исти и се влечат со години, па и децении. Ништо не значат ниту најавите на министерката Весна Јаневска за реформи во образованието и креирање нова национална стратегија за образование. Две повидливи постапки на министерката беа укинување на пролетниот распуст и непопуларното известување дека од оваа учебна година ќе нема ниту учебници за странски јазик и на јазиците на заедниците. Најави дека тие ќе бидат онлајн, но и дека странски јазици може да се учат од серии.

August 29, 2024 11:29
in АНАЛИЗИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ

фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

На самиот праг на новата учебна година, родителите се соочени со стресот и проблемите што ги следат нивните деца со години, па и децении наназад. На учениците и нивните родители ништо не им значи тоа што се смени власта и дојде ново лице да го води Министерството за образование и наука. Проблемите остануваат исти и се влечат со години, па и децении.

Ништо не значат ниту најавите на министерката Весна Јаневска за реформи во образованието и креирање нова национална стратегија за образование. Две повидливи постапки на министерката беа укинување на пролетниот распуст и непопуларното известување дека од оваа учебна година ќе нема ниту учебници за странски јазик и на јазиците на заедниците. Најави дека тие ќе бидат онлајн, но и дека странски јазици може да се учат од серии.

Во претходниот прилог, ЦИВИЛ ги охрабри родителите да ги споделат своите искуства со образовниот систем (линк до контакти). Во меѓувреме, пристигнаа триесетина пораки од родители во кои главно се потврдуваат истите проблеми како и оние што ги споделија родителите во претходниот прилог на ЦивилМедиа под наслов „Со кои проблеми се соочуваат родителите пред почеток на учебната година: Парталави учебници, високи трошоци, страв од Ковид, сегрегација“.

„Браво Цивил за овој напис“, вели една наша читателка. „Не е нормално да им се ускратува на нашите најмили, на идните генерации“, пишува таа во пораката.

Бабите и дедовците се голема потпора во семејствата. Нивните пензии и нивното слободно време се од голема помош.

„Сè останува на нас, постарите. Внуците немаат каде да одат после школо, ние ги земаме. И од пензијата двоиме, сè е скапо, а божем е бесплатно школувањето“, вели една читателка, коментирајќи го тоа што нема дневен престој за децата.

И претходно, во повеќето од изјавите на родителите со кои разговараше ЦивилМедиа, се слушна и ставот дека „проблемите не се од сега, туку се влечат со години наназад“.

Разочараност и неизвесност, тоа се чувствата кои преовладуваат кај еден родител на ученик во 9-то одделение со кој разговараше ЦивилМедиа.

„Оваа, последна година од основното образование, моето дете ќе ја започне во ново училиште, бидејќи претходното се реновира, што дополнително го зголемува стресот кој и онака е присутен, и кај учениците и кај нивните родители. Сето ова е надополнето со, во нашиот случај изгледа традиционално, менување на класниот раководител. Не знам дали ваков случај постои во некое друго училиште, но на моето дете досега, за четири години пет пати му се сменија класните раководители. А да не ги заборавам бесплатните учебници, кои се под секое човечко достоинство, и изгледаат како да се земени од некој отпад за стара хартија, која единствено може да послужи за потпала. Проблемот не е од сега, се провлекува години наназад, без разлика кој е на власт. Мислам дека нашите деца тоа не го заслужуваат“, вели родителот во разговор со ЦивилМедиа.

Еден од проблемите со кои се соочуваат децата на училиште е и сегрегацијата по разни основи, социјални и етнички, но по низа други основи, што заслужува посебно внимание. Сегрегацијата се споменува во изјавата на една мајка на која ѝ било „посочено“ да го запише детето во „средното во Шутка“.

„Оваа учебна година имаме нов предизвик, едно од трите деца ќе тргне во средно, и не знам како ќе се адаптира и како ќе биде прифатена од наставниците со оглед на тоа дека се запиша со потешкотии, односно ‘не се запиша во средното во Шутка’ како што ни беше ‘посочено’ од надлежните во училиштето кое нема да го спомнам од оправдани причини. Дополнителни предизвици ќе бидат обезбедувањето храна, обувки, облека, училишен прибор, бидејќи имам три деца. Се надевам дека нема повторно да имаме некоја корона, бидејќи немаме средства да набавиме три лаптопа или компјутери“, вели таа.

Безбедноста, како во превозот, така и во училиштата е уште една грижа на родителите.

„Друг проблем е превозот до и од училиште. Да не зборувам за безбедноста во училиштето, автобусите, улиците“, додава мајката за ЦивилМедиа.

Проблемот со учебниците и нивната состојба ги револтира сите родители. Иако учебниците се нудат како бесплатни од државата и МОН, се поставува прашањето дали некој води сметка за физичката состојба на учебниците. Искуството на друг родител со кој разговараше ЦивилМедиа, покажува дека тоа дополнително го оптоварува семејниот буџет.

Фото ЦИВИЛ

„Учебниците се стари, користени и во лоша состојба, со решени задачи. Често ако е оштетен толку, така што на наш трошок купуваме нов. Има страници кои недостасуваат, а другиот работен материјал сами го купуваме. Финансискиот притисок врз родителите е голем пред почетокот на учебната година. Тука се и другите подготвителни трошоци за работен материјал од чанта, тетратки,  потоа облека и обувки и трошоци за храна. Сето тоа е огромен издаток“, вели загрижениот родител за ЦивилМедиа.

Предизвиците децата да бидат соодветно опремени за училиште за една мајка со три деца е голем предизвик. Дополнително, стравот од новите бројки заболени од Ковид-19 ја враќаат во времето на онлајн наставата, за која вели нема финансии за три компјутери доколку тоа се случи.

Но, ако учебниците се „чиста лотарија“, за една мајка, проблемот е уште поголем со хигиената во училиштата.

„Не знам од каде да почнам. Имам две деца во основно училиште, едното во четврто, другото во седмо одделение. Да ги спомнам учебниците? Чиста лотарија! Може еден учебник да биде и релативно нов, но има и толку распарталени учебници, што не може да се употребат. Каков мотив ќе има детево да учи, ако фалат страници, ако се измастени и искинати? За глупостите во учебниците и да не зборам! Башка што нема учебници за сите предмети. Онаа па, нека учат децата од серии! Па нека седат дома тогаш децата! Уште поголем проблем – хигиената во школото е катастрофа. Ние плаќаме за тоалетна хартија и што уште не. Ништо реално не прават за да го спречат булингот. Да набројувам уште? Мислам, стварно ми се превртува утробата мене, а камоли на децава пред да тргнат на школо. Се менуваат влади, ама школството останува или исто или само полошо“, вели нашата соговорничка, мајка на две деца која, како и сите наши соговорници, не сакаше да го открие својот идентитет.

Сепак, ако за некои финансискиот товар не е посебно загрижувачко прашање, тогаш немањето услови за целодневна настава секако е голем проблем. Целодневната настава им го олеснува проблемот за згрижување на децата додека родителите се на работа, но таа услуга не е доволно достапна.

„Учебниците редовно ни се предаваат од наставниците за годината која претстои. Материјалите за вежби во училиштето се со коректна цена во книжарите, училиштето е блиску до местото на живеење, генерално не се соочуваме со потешкотии. Еден проблем би адресирал за оваа учебна година, а тоа е немањето целодневна настава за 4-то одделение“, изјави родител на четвртоодделенец.

Дури и кога учениците имаат среќа да добијат можност за целодневна настава, условите не се секогаш добри.

„Целодневната настава навистина помага на нас родителите, но таму децата само престојуваат и чекаат да помине време. Нема доволно простор, многу ученици се и наставничките не можат да им помогнат во решавање домашно или дополнително да ги едуцираат“, изјави еден од родителите со кои разговараше ЦивилМедиа.

Со вакво образование, односно со ваква грижа за новите генерации, државата може да очекува само да продолжи иселувањето. Тоа е, барем, заклучокот на еден од нашите читатели кој ни напиша порака поттикнат од нашиот претходен прилог.

„Со ваква негрижа од државата за децата и за младите, не треба да се чудиме зошто ни заминуваат младите. Ни пристојно основно училиште не знае да направи државата, камоли нешто друго. Криво ми е што и јас не заминав со време“, вели еден наш читател, поттикнат од нашиот претходен прилог.

Овие состојби, како што рекоа повеќето родители, соговорници на ЦивилМедиа, се хронични и ги погодуваат сите, а најмногу децата. Досега, сè останува само на празни ветувања за „стратегии“ и „реформи“, но стандардите остануваат исклучителни ниски. Состојбата на образованието продолжува да се влошува.

Биљана Јордановска
во соработка со тимот на ЦивилМедиа

Ги охрабруваме родителите да бидат гласни и отворено да зборуваат за предизивиците со кои се соочуваат во образовниот систем. За било каква информација или став по ова прашање контактирајте нè на: civil@civil.org.mk / civil.macedonia@gmail.com, со порака на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ или на телефонскиот број 075 389 699. Идентитетот на нашите извори секогаш останува заштитен. 

Tags: безбедностосновни училиштародителисегрегацијаучебнициУченицихигиена
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ