• Latest
Фото ЦИВИЛ

Со кои проблеми се соочуваат родителите пред почеток на учебната година: Парталави учебници, високи трошоци, страв од Ковид, сегрегација

August 28, 2024
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Со кои проблеми се соочуваат родителите пред почеток на учебната година: Парталави учебници, високи трошоци, страв од Ковид, сегрегација

August 28, 2024 07:30
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Фото ЦИВИЛ

Фото ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Следната недела започнува учебната година. Со новата власт и доаѓањето на новата министерка за образвоание, Весна Јаневска, дојдоа и нови најави за реформи во образованието и креирање нова национална стратегија за образование. Меѓу првите мерки беше и укинување на пролетниот распуст. На изненадување на јавноста, министерката соопшти дека од оваа учебна година ќе нема ниту учебници за странски јазик и на јазиците на заедниците. Таа најави дека тие ќе бидат онлајн.

Независно од критиките или поддршката за новитетите во образованието, родителите и учениците, барем во основно образование, се тие кои ја споделуваат и возбудата, но и проблемите и разочараноста. Иако секое доживување и искуство е индивидуално, а и секоја нова учебна година е нов предизвик, во изјавите на родителите со кои разговараше ЦивилМедиа, се слушна и ставот дека проблемите „не се од сега, туку се влечат со години наназад“.

Разочараност и неизвесност, тоа се чувствата кои преовладуваат кај еден родител на ученик во 9-то одделение со кој разговараше ЦивилМедиа.

Учебник по биологија за деветто одделение/Фото ЦИВИЛ

„Оваа, последна година од основното образование, моето дете ќе ја започне во ново училиште, бидејќи претходното се реновира, што дополнително го зголемува стресот кој и онака е присутен, и кај учениците и кај нивните родители. Сето ова е надополнето со, во нашиот случај изгледа традиционално, менување на класниот раководител. Не знам дали ваков случај постои во некое друго училиште, но на моето дете досега, за четири години пет пати му се сменија класните раководители. А да не ги заборавам бесплатните учебници, кои се под секое човечко достоинство, и изгледаат како да се земени од некој отпад за стара хартија, која единствено може да послужи за потпала. Проблемот не е од сега, се провлекува години наназад, без разлика кој е на власт. Мислам дека нашите деца тоа не го заслужуваат“, вели родителот во разговор со ЦивилМедиа.

Проблемот со учебниците и нивната состојба ги загрижува сите родители. Иако учебниците се нудат како бесплатни од државата и МОН, се поставува прашањето дали некој води сметка за физичката состојба на учебниците. Искуството на друг родител со кој разговараше ЦивилМедиа, покажува дека тоа дополнително го оптоварува семејниот буџет.

Учебник по историја/Фото ЦИВИЛ

„Учебниците се стари, користени и во лоша состојба, со решени задачи. Често ако е оштетен толку, така што на наш трошок купуваме нов. Има страници кои недостасуваат, а другиот работен материјал сами го купуваме. Финансискиот притисок врз родителите е голем пред почетокот на учебната година. Тука се и другите подготвителни трошоци за работен материјал од чанта, тетратки,  потоа облека и обувки и трошоци за храна. Сето тоа е огромен издаток“, вели загрижениот родител за ЦивилМедиа.

Предизвиците децата да бидат соодветно опремени за училиште за една мајка со три деца е голем предизвик. Дополнително, стравот од новите бројки заболени од Ковид-19 ја враќаат во времето на онлајн наставата, за која вели нема финансии за три компјутери доколку тоа се случи.

„Оваа учебна година имаме нов предизвик, едно од трите деца ќе тргне во средно, и не знам како ќе се адаптира и како ќе биде прифатена од наставниците со оглед на тоа дека се запиша со потешкотии, односно ‘не се запиша во средното во Шутка’ како што ни беше ‘посочено’ од надлежните во училиштето кое нема да го спомнам од оправдани причини. Дополнителни предизвици ќе бидат обезбедувањето храна, обувки, облека, училишен прибор, бидејќи имам три деца. Се надевам дека нема повторно да имаме некоја корона, бидејќи немаме средства да набавиме три лаптопа или компјутери“, вели таа.

„Друг проблем е превозот до и од училиште. Да не зборувам за безбедноста во училиштето, автобусите, улиците“, додава мајката за ЦивилМедиа.

Но, ако учебниците се „чиста лотарија“, за една мајка, проблемот е уште поголем со хигиената во училиштата.

„Не знам од каде да почнам. Имам две деца во основно училиште, едното во четврто, другото во седмо одделение. Да ги спомнам учебниците? Чиста лотарија! Може еден учебник да биде и релативно нов, но има и толку распарталени учебници, што не може да се употребат. Каков мотив ќе има детево да учи, ако фалат страници, ако се измастени и искинати? За глупостите во учебниците и да не зборам! Башка што нема учебници за сите предмети. Онаа па, нека учат децата од серии! Па нека седат дома тогаш децата! Уште поголем проблем – хигиената во школото е катастрофа. Ние плаќаме за тоалетна хартија и што уште не. Ништо реално не прават за да го спречат булингот. Да набројувам уште? Мислам, стварно ми се превртува утробата мене, а камоли на децава пред да тргнат на школо. Се менуваат влади, ама школството останува или исто или само полошо“, вели нашата соговорничка, мајка на две деца која не сакаше да го открие својот идентитет.

„Мислам дека причините се разбирливи, немој да ме пишеш со име и презиме“, рече таа.

Сепак, ако за некои финансискиот товар не е посебно загрижувачко прашање, тогаш немањето услови за целодневна настава секако е голем проблем. Целодневната настава им го олеснува проблемот за згрижување на децата додека родителите се на работа, но таа услуга не е доволно достапна.

фото: ЦИВИЛ

„Учебниците редовно ни се предаваат од наставниците за годината која претстои. Материјалите за вежби во училиштето се со коректна цена во книжарите, училиштето е блиску до местото на живеење, генерално не се соочуваме со потешкотии. Еден проблем би адресирал за оваа учебна година, а тоа е немањето целодневна настава за 4-то одделение“, изјави родител на четвртоодделенец.

Дури и кога учениците имаат среќа да добијат можност за целодневна настава, условите не се секогаш добри.

„Целодневната настава навистина помага на нас родителите, но таму децата само престојуваат и чекаат да помине време. Нема доволно простор, многу ученици се и наставничките не можат да им помогнат во решавање домашно или дополнително да ги едуцираат“, изјави еден од родителите со кои разговараше ЦивилМедиа.

Овие состојби, како што рекоа повеќето родители, соговорници на ЦивилМедиа, се хронични и ги погодуваат сите, а најмногу децата. Досега, сè останува само на празни ветувања за „стратегии“ и „реформи“, но стандардите остануваат исклучителни ниски.

Биљана Јордановска во соработка со тимот на ЦивилМедиа


Редакцијата на ЦивилМедиа ги охрабрува родителите да бидат гласни и отворено да зборуваат за предизивиците со кои се соочуваат во образовниот систем. За било каква информација или став по ова прашање што сакате да го споделите контактирајте нè на: civil@civil.org.mk / civil.macedonia@gmail.com, со порака на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ или на телефонскиот број 02/520 91 76.

Tags: образованиепредизвициродителиучебна година
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ