• Latest

Новакоски: Непризнавањето на изборите е без аргументи

October 30, 2017

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Новакоски: Непризнавањето на изборите е без аргументи

October 30, 2017 10:27
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

(прес центар на ЦИВИЛ, 29 октомрви 2017, 21:30)

Видео анализа на Александар Новакоски, правен експерт, поранешен претседател на ДИК ги анализира локалните избори од позиција на правен експерт и еден од најискусните познавачи и практичари во оваа област.

„Морам да кажам дека овој втор изборен круг од локалните избори очигледно помина во фер и демократска атмосфера, се разбира, во однос на информациите со кои располагаме и кои се јавуваа во текот на денот, а и по завршувањето на изборите.

Но, повторно се случува една политичка партија да не ги признава изборите, но не може да се аргументира и да се докаже кои се причините зошто не се признаваат овие избори. Дилемите повторно ќе останат, осбоено што таа политичка партија директно учествуваше на овие избори, во вториот круг во општините, и колку што имаме информации, а во една општина прославува  и победа, а ќе остане и недоречено кои се тие големи масовни нерегуларности за да не се признаат изборите.

Ако земеме дека изборниот процес се оценува од самиот почеток, од самото распишување на изборите до самото завршување, видовме и самите после првиот круг на локалните избори, исто така и мисијата на ОБСЕ и ОДИХР, излегуваше со некои конкретни податоци за нерегуларностите и имајќи предвид дека се чека оценката и за овој втор круг, мислам дека во вториот круг се избегнаа некои технички пропусти кои беа направени од страна на изборната администрација во текот на првиот круг. Добро е што овие нерегуларности немаа некое пресудно влијание врз изборните резултати. Но, секако, треба да се обрне внимание, бидејќи тие, наизглед, технички пропусти во некои следни избори можат на направат сериозни проблеми, околу спорење на изборните резултати.

Морам да кажам дека непризнавањето на изборите од страна на еден од учесниците во изборниот процес, комплетното непризнавање на резултатите и наведување на низа нерегуларности ми дава за право да сметам дека тоа беше организирано, а имајќи го предвид и текот на кампањата, со оглед на снимените изјави кои биле во текот на денот, а кои не се објавуваа во текот на молкот, мојата оценка е дека секако нема да поднесат ниту приговори. Со тоа останува недоречено каде се тие нерегуларности, од кој вид и од кој обем.

Ако го оставиме сето ова настрана, денеска повторно имаме одредени јавувања за лица кои не можеле да го остварат правото на глас. Тоа е проблем кој се јавува и во вториот круг. Можеби тие лица не се во толку голем број и можеби нема да влијаат на резултатите, но имајте предвид дека ова е мнозински систем каде влијае и еден глас и некои лица повторно не го остварија своето право на глас, иако во меѓувреме извадиле валидни документи.

Секако, мора да се размислува во насока на менување на изборниот законик, бидејќи не може на заклучен избирачки список на некој кој има право на глас да не му се дозволи да гласа. Во моментот, законска можност не постои. Ние не обвинуваме никого, но тоа е нешто што мора да се отстрани бидејќи правото на глас е неприкосновено и со Устав загарантирано и не може со административни пречки од државата да се попречува да го оствари тоа право на глас.

Во однос на медиумите мислам дека повторно имаше избалансирана кампања. Исто така, можам да забележам дека во вториот круг, последната недела имаше исклучиво црна кампања, од страна на сите учесници во изборниот процес. Дали оценките на нивните штабови се дека така ќе добијат повеќе гласови е прашање. Се покажа дека за некои можеби била добра таа црна кампања, но за некои таа имаше контра ефект. Но, како никогаш до сега беше забележително дека сите спотови беа со црна кампања“, истакна Новакоски.

Како и секогаш, ЦИВИЛ со најбрзи и најпрецизни податоци и анализи за изборниот процес, благодарение на извонредниот тим на аналитичари и вредни и посветени набљудувачи.

камера: Дехран Муратов
фотографија: Биљана Јордановска
монтажа: Џабир Дерала
обработка на текст и транскрипт: Маја Ивановска

Tags: Александар НовакоскианализаДИКекспертизбориизборна администрацијанерегуларностиправо на глас
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ