• Latest

Новакоски: Не се незаменливи членовите на ДИК!

July 11, 2017
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Новакоски: Не се незаменливи членовите на ДИК!

July 11, 2017 15:29
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Правниот експерт, Александар Новакоски, член на експертскиот тим на ЦИВИЛ, во видео интервју за ЦИВИЛ Медиа ги презентира своите ставови и забелешки за новиот Деловник што го усвои ДИК. Тој говори и за кредибилитетот на членовите на ДИК, имајќи ги предвид досега спроведените изборни процеси и претстојните локални избори.

ЦИВИЛ Медиа: Колку и како Државната изборна комисија (ДИК) го имплементираше стариот Деловник за работа во својата досегашна практика? Сега е усвоен и веќе објавен на сајтот на ДИК, новиот Деловник. Кои се Вашите оценки, верувате ли дека овој состав на ДИК ќе го применува доследно новиот Деловник? Од колкава важност е ДИК да има добар Деловник и што е потребно за негова доследна имплементација?

НОВАКОСКИ: Секогаш кога ќе бидам прашам од познавачи како вас, за тематиката за ДИК, бидејќи долго време сум бил и заменик-член и член и претседател на ДИК, наидувам на некој однос од страна на колегите, дека тоа го правам за да им укажам нешто, што тие не го прифаќаат, но, тоа не ме интересира. Деловникот требаше да биде донесен многу одамна. Ние имавме еден привремен Деловник и оттогаш, еве, собрале храброст и знаење и составиле Деловник. Тоа е добар почеток. Но, Деловникот има одредени прашања што ги тангира и коишто се ставени и мене ми дава полно право да оценам дека не гледам причина, на пример, јас да бидам претседател. Бидејќи со овој Деловник, претседателот е како англиска кралица. Кога бев претседател на ДИК, по предлог на тогашната опозиција, а мнозинството беа позиција, имаше членови, коишто ми велеа: ‘Па, што можеш ти, како претседател, ти си како англиска кралица, ние мнозинството одлучуваме’. Овде се смени составот на ДИК и неколку прашања, неколку членови во Деловникот мислам дека се комплетно несериозни и сметам дека кој било може да покрене постапка, а тие членови може да паднат, зашто се предвидени работи, коишто не се предвидени во домен во којшто може да се одлучи во Деловник на една ДИК.

Потоа, има одредби каде се налага некое одлучување со консензус и тоа се наложува, па ако не се донесе со консензус, се смета дека не е донесена одлуката. Имале право на тужба до Управен суд, па жалба до Виш Управен суд, мислам навистина несериозно… Не знам како ќе го имплементираат тоа, се надевам дека ќе одлучуваат совесно. За сѐтреба да одлучуваат членовите. А, претседателот навистина треба да има улога тука, зашто е избран од редот на експертите, значи меѓу членовите на политичките партии има тројца од редот на експертите. Има еднаквост меѓу претседател со потпретседател, исто право. Па, нека го направат тоа и со Собранието, па ќе видите на што ќе личи Собранието, значи претседател е претседател, со цела почит кон потпретседателот. А, овде, вие имате некоја улога каде што претседателот одлучува со потпретседателот и може да замислите, колку е голема работата, да се блокира работата на ДИК. И со новиот Деловник нема решение во однос на приговорите. Знам дека ќе кажат – ‘ќе го носиме со други акти’, ама кога, како… Но, има Деловник каде стои точно во кои случаи може да се врши увид, ако одлучи мнозинството. Значи, повторно не сме го решиле, а, за одредени прашања од таа област, за начинот на гласање имаше дури и судски постапки. Мислам дека можеше повеќе да се направи. Овој Деловник е копија на оној од Собрание, само што опфаќа носење закони.

ЦИВИЛ Медиа: Јасно е каков изборен процес имавме за овие последни вонредни парламентарни избори на 11 декември 2016, следеа прегласувања во една тензична атмосфера, во таква атмосфера одлучуваше и ДИК. Тоа беше всушност, рефлексија и реперкусија од работата на ДИК до денот на изборите. Како ДИК да профункционира за да го имплементира целосно Изборниот законик и да спроведе кредибилен изборен процес? Дали овој состав на ДИК има кредибилитет да спроведе нови избори, речиси на прагот се локалните избори, што според најавите ќе се одржат во октомври?

НОВАКОСКИ: Можам да кажам што би направил да сум на нивно место. Секогаш сум кажувал дека работата во ДИК е многу одговорна, а јавноста тоа можеше да го види за време на последните избори, кога резултатите беа многу тесни, и сѐ што се случуваше пред ДИК, којашто е многу битна, зашто одлучува за правото на глас и заштитата на ова право. Ако граѓаните го исполнија своето уставно право и покажаа дека имаат голем демократски капацитет, со тек на време, со повеќе изборни процеси, ние имаме обратен процес во изборните органи. Ние не одиме напред, имаме назадување! Кои капацитети на ДИК? Сега имаме во планот на Владата 3-6-9, да се зголемат капацитетите на ДИК. Па, кои капацитети? Во моментов, тие имаат огромен број државни службеници, нешто што го нема една држава како Германија, Романија, Франција…, со постојано вработени. Па, да земеме за пример и проблематични држави, фрагилни демократии, ниту тие немаат толкав број на извршители, значи тука имаме веднаш проблем.

ЦИВИЛ Медиа: Треба да се реформира ДИК?

НОВАКОСКИ: Не знам што треба да прават, но, треба да сфатат граѓаните дека извештајот на ОБСЕ и ОДИХР, се поистоветува со нашиот извештај од ЦИВИЛ, што го правевме во однос на забелешките на ДИК. Зашто, и политичките партии на овие избори покажаа еден добар однос, мирен изборен ден, немаше надмудрувања, немаше кршење на изборни молкови, предизборната атмосфера, кампања… Друго е трошењето на пари, тоа прашање никој не го отвора и нема да го отвора, тоа се обидува да го отвори невладиниот сектор, но не очекувајте тоа да го отворат политичките партии. А, ДИК? ДИК е секогаш ненадлежен, во случајов вие имате најголем број забелешки. Нека не се лутат колегите, нека го прочитат конечниот извештај на ОБСЕ и ОДИХР, во секоја втора реченица се споменува ДИК, начинот на одлучување, нетранспарентноста, начинот на водење на ДИК, начинот на неусогласеност, значи, има проблем во ДИК, меѓучовечките односи се споменуваат, нека се прочита официјалниот извештај и нека се донесе заклучок, дали тие работат добро или не!

Ако го видите и Деловникот кои услови се бараат за членовите на ДИК, тоа е уредено со законот. И ако видите кои услови се бараат за генерален секретар на ДИК, тоа е несфатлива работа. Генералниот секретар…, си ги напишале дипломите, што им одговараат, како да ја знаеме личноста којашто утре би била на таа функција. А, за членовите на ДИК, со целиот респект, мислам дека по неколку последователни извештаи, треба да сфатат дека имаат некој проблем. Каде е проблемот, треба да се детектира! Не е проблемот во капацитетите, да се создадел правен тим. Нека се создаде. Но, ДИК имаше и нов простор пред изборите, на друг кат, а сега се бараат повторно дополнителни простори, да се зголемат капацитетите… Значи, проблемот е во ДИК, во ништо друго! Тоа го виде и ОБСЕ и ОДИХР. Последица од тоа беше и начинот на некоординација, нејасностии, неизлегување во јавност… Резултати oд изборите немаше два дена и тоа сите го заборавија. И сега, најблаго кажано е луѓето да сфатат дека некои други ќе ја извршат подобро работата. Никој не е незаменлив. Во оваа ситуација, бидејќи е со дветретинско мнозинство, сигурно ќе се отвори тоа прашање, слушам дека Беса си бара член, според Изборниот законик тоа ѝ следи. Е, сега како ќе се отвори тоа прашање, имајќи во вид ова што се случува во Собранието?!!

Моника Талеска

Камера: Дехран Муратов

Tags: Александар Новакоскигласачко правоДеловникдемократијаДИКизборен законикизбориуставно право
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ