Општина Куманово ќе определи локации за нови бушотини за вода кои ќе им користат на пожарникарите, најави денеска градоначалникот Максим Димитриевски.
Општинскиот штаб за заштита и спасување предложил да се формира тричлена комисија од претставници од ТППЕ Куманово, ЈП „Водовод“ и „Чистота и зеленило“ за да извршат увид и да одредат потенцијални локации на територија на Општината за изведба на бушотини за снабдување со вода што би се користеле за полнење на возила на ТППЕ за гасење на пожари и изградба на хидранти.
Штабот на градоначалникот му препорачал да спроведе и итна постапка за изведба и опремување на бушотините. Димитриевски информираше дека минатата недела во Куманово се регистрирани 60 пожари, во четвртокот имало 15 интервенции во еден ден. Помош била побарана од Централниот штаб, при а истата пристигнала од Кавадарци и Велес.