Мејлови со нови закани за бомби пристигнале на адресите на четири скопските средни училишта, меѓу кои се „Јосип Броз-Тито“ и „Владо Тасевски“.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки.
Пријавата за новите бомби е добиена околу 10 часот, а половина час претходно стигнаа дојавите и за првите две училишта, од кои едното е гимназијата „Јосип Броз Тито“.
Ова е веќе шести пат како пристигнуваат дојави за бомби во средни училишта во главниот град. Сите досега се покажаа како лажни. Денес е првпат како заканите за бомби се појавуваат додека учениците се во прва смена на настава.