Најмногу 29 лица загинаа во двата самоубиствени напади утрово во Кабул, Авганистан, од кои во вториот напад има и новинари кои загинале и се повредени.
Првата експлозија се случила околу 8 изутрина по локално време на локација каде што се наоѓаат голем број на амбасади во Авганистан, а во втората експлозија напаѓачот, претставувајќи се како снимател, го активирал експлозивот додека новинарите се собирале околу местото на настанот.
Портпаролот на полицијата, изјавил дека првиот бомбаш-самоубиец бил на мотор, а втората експлозија ги погодила оние кои брзале на местото на нападот за да им помогнат на жртвите од првиот напад.
Според неофицијални информации, 8 новинари се загинати, од различни медиуми, вклучувајќи го и Шах Мараи, АФП фотограф.
ИСИС ја презеде одговорноста за нападите, во кои загинаа 29 луѓе, меѓу кои 11 деца, а повредени се повеќе од 45 лица.
Повредените од двата инциденти биле однесени во градските болници, соопшти портпаролот на Министерството за јавно здравје, Вахид Мајрох.
А.П.