Секоја година 3 мај е датумот кој ги слави основните принципи на слободата на новинарството, се оценува слободата на медиумите ширум светот и се бранат медиумите од напади на нивната независност. На 3 мај се оддава и почит за новинарите кои ги загубиле животите поради нивната професија.
Обезбедувањето на безбедноста на новинарите е примарниот начин преку кој можеме да се јанке независноста и слободата на печатот, која е клучна за демократијата. Ваквата цел е исто така важна за да се обезбеди јавен пристап до информации. А често заканатата кон медиумите е реална.
Новинарите често се соочуваат со насилство и заплашување поради остварување на основното право на слобода на изразување. Опсегот на закани со кои се соочуваат, вклучува убиство, киднапирање, земање заложници, офлајн и вознемирување преку интернет, заплашување, притворање, тортура и друго.
Жените новинарки исто така се соочуваат и со специфични опасности и се особено ранливи на сексуален напад, честопати како напад кон нивната работа. Сè повеќе, новинарите, а особено жените новинарки, се соочуваат со злоупотреба и вознемирување преку интернет, како што се говор на омраза, сајбер малтретирање, компјутерски злоупотреби, јавно засрамување и заплашување и закани.
Жените новинарки се соочуваат со ризици од напади додека ја вршат својата професија, но исто така се особено изложени на сексуално вознемирување. Ваквите напади можат да потекнуваат од оние што се обидуваат да ги замолчат или обезвреднат.
Глобалното истражување во 2014 година на скоро 1.000 жени новинари, иницирано од Меѓународниот институт за безбедност на вести (ИНСИ) во партнерство со Меѓународната фондација за жени во медиумите (IWMF) и со поддршка на УНЕСКО, откри дека скоро две третини од жените кои учествувале во истражувањето доживеале заплашување, закани или злоупотреба на работното место.