• Latest

Новите „културњаци“ со стари манири

May 2, 2018
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Новите „културњаци“ со стари манири

May 2, 2018 11:28
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

На улицата правило е дека не постојат правила.

Јас сум уличен артист. Повеќе од осумнаесет години. Уличен театар сум играл насекаде низ светот и можам да кажам дека со цело срце уживам во убавината на она што улиците секојдневно го раскажуваат, а истовремено уживам и во концептот на ваквиот начин на живеење.

пишува: Војо Цветановски

Во годините кога со Театроск ја покоривме Европа со нашиот уличен театар не можев ни да замислам дека еден ден ќе создадам концепт за голем фестивал на уличната уметност поставен по улиците во центарот на Скопје. Во тие години воопшто не ме интересираше организација на вакви настани и од тие причини не размислував во таа насока, ме интересираа единствено уличните изведби и како да направиме нов – подобар акт од минатата сезона со која повторно ќе ја обиколуваме Европа. Седум години едно по друго секоја година настапувавме на најразлични фестивали на уличната уметност во големите европски центри, како дома сме во Загреб на CEST IS D BEST, оваа 2018 ќе ни биде осма година едно по друго таму, сме биле три пати и на SPANCIRFEST во Вараждин, два пати во Вилах, Фрајштад, Љубљана, Марибор, Сплит, Задар, Трогир, Пореч, Цриквеница, Копер, Белград, Тиват, Будва, Софија, Букурешт, Брук, Бирисел, Ломел, Антверпен …  а три пати, во пет години, што е реткост од 2013 – 2017 бевме и дел од најголемиот фестивал за улична уметност во Линц, Австрија попознат и како Pflasterspektakel.

Да се биде дел од ваквите фестивали не е важно само да се постави актот на улица, многу поважно е актот да испраќа силна порака која ќе изврши влијание врз сите оние кои ќе го посетат фестивалот. На ваквите фестивали многу е важно да имаш силен концепт бидејќи и самиот фестивалот испраќа глобална порака.

Најсилна од сите пораки кои уличните фестивалите ги испраќаат за мене беше онаа која ја испраќа фестивалот во Линц, каде што тие – граѓаните на градот го канат целиот свет да го посетат нивниот фестивал, секако, да го посетат и градот, да ги видат неговите убави страни, а преку уметноста која низ улиците на Линц ќе ја постават најразлични уметници од целиот свет ќе му се извинат на светот за крвта што нивниот сограѓанин ја пролеа по улиците низ цела Европа (Адолф Хитлер е од Линц).

* * *

Името СТАТУАФЕСТ прв пат се појави во Букурешт, Р. Романија, пред две години кога со Театроск бевме дел од програмата на фестивалот за улична уметност MASCA. Еден месец подоцна додека бевме на INARTFEST во Тиват, Р. Црна Гора, направивме комплетен предлог проект за фестивал од ваков карактер, за во Скопје.

Кога прв пат го презентирав концептот за ваков фестивал – со вакво име СТАУАФЕСТ бев замолен истото и да го сменам бидејќи може да се сфати како иронија на мегаломанскиот проект Скопје 2014.

Поентата (читај: пораката) на фестивалот покрај тоа што ќе биде фестивал на улична уметност ќе биде и токму таа: креативен контрапункт на Скопје 2014, кој преку силување и во оперативен зафат му го смени лицето на нашиот град, а со тоа и му ја загорчи душата на поголемиот процент граѓани во ова општество.

СТАТУАФЕСТ има за цел да ја испрати ова порака.

СТАТУАФЕСТ прв пат се случи минатата пролет на 29 април, во центарот на Скопје, но под друго име – УРБАН ФЕСТ. Морав да ја прифатам промената на името, а и имав разбирање за оние кои човечки ме замолија за такво нешто, бидејќи знаев дека тоа е само привремено, знаев дека за брзо ќе си го вратам името на фестивалот, многу поважно беше истиот да почне да се создава, да постои, преку кој и ние, одовде, од Македонија, ќе испратиме силна порака кон светот, за она што ми се случи на Скопје, а со тоа и ќе го поставиме Скопје на светската културна мапа на уличната уметност.

Фестивалот помина како што помина. За тоа во ова четиво нема да пишувам.

По таа пролет се сменија работите во нашата држава, конечно после 11 години. Со промените се смени и министерството за култура. Сите силно веруваа во креативната и културна промена која ќе се случи и под ова небо. Меѓу нив бев и јас, со мојот проект СТАТУАФЕСТ.
Искрен да бидам пред да се распише конкурсот многу се колебав дали воопшто да ја доставиме апликацијата. Колегите од Театроск ме убедуваа дека веќе се е сменето и дека вреди да веруваме во нов – подобар концепт за културниот живот под ова небо. И јас потајно верував во тоа иако тоа не го покажував. Речиси и да бев сигурен дека СТАТУАФЕСТ ќе биде препознаен од „новите“.

Почнав да одам и на предавањата кои ги организираше министерството во МСУ, МАЛА СТАНИЦА, каде го презентираа новиот концепт. Бев таму за да ja препознам енергијата која ќе ја демонстрираат „новите културњаци“ за едно ново поквалитетно министерство, а и да се уверам дека во комисиите кои ќе ги постават, ќе седнат вистински луѓе кои ќе имаат истанчен вкус и ќе знаат веднаш да препознаат кој проект заслужува да биде поддржан и од година во година повеќе и повеќе со безрезервна поддршка од министерството ќе биде подржуван и надградуван.

* * *

Оваа година требаше да го славиме вториот роденден на фестивалот СТАТУАФЕСТ на кој имавме за цел да ги донесеме најдобрите европски и светски улични артисти (читај: живи статуи) кои својата креативност и уметност ќе ја распостелеа по улиците на главниот град на нашата држава, а и ние, како добро домаќини ќе им ја понудивме нашата креативност и уметност презентирана во секое поле и взаемно ќе создававме убавини. Ќе им го покажавме Скопје, неговите убави страни, а и ќе им ја раскажевме приказната за СТАТУФЕСТ и креативниот контрапункт за статуите кои никнаа насекаде околу нас, за оперативниот зафат на лицето на овој град. СТАТУФЕСТ има(ше) за цел да го постави Скопје на светската културна мапа на уличната уметност, бидејќи конечно имаме сериозен концепт кој испраќа темелна порака на глобално ниво и овој фестивал ќе го стави на листата фестивали кои Европа ги нуди и кои задолжително треба да се посетат.

СТАТУАФЕСТ на овогодинешниот конкурс беше одбиен од соодветната комисија при Министерството со образложение дека естетски и продукциски не се вклопува во културниот концепт на оваа држава, но и ни „овозможија“ да поднесеме жалба доколку не сме задоволни од одлуката. Јас, драги мои, силно верувам во концептот на уличната и алтернативната уметност и пораката која тие ја испраќаат. На крајот од краиштата и самите знаете дека речиси цела Европа е поставена на темелите на street art движењето. Јасно ви е како ден дека е така. Токму од тие причини јас никогаш нема да поднесам жалба, особено нема да се жалам кај истите оние кои проценија дека настан од ваков карактер естетски и продукциски не се вклопува во културниот концепт на државата. Мене сериозно многу ќе ме загрижи фактот доколку некој навистина проценил дека на Македонија ваков концепт не и е потребен!

Во прилог на овој текст ќе го поставам и видеото од минатогодишниот СТАТУАФЕСТ именуван како УРБАН ФЕСТ, само колку да погледнете што се процени дека е лоша естетика и лоша продукција.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Театроск“конкурсКУЛТУРАМинистерство за култураСтатуафестУрбан фест
Share53Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ