• Latest

Новите министри да го слушат гласот на граѓаните, од 9 септември се отвараат градинките, нови 30 дена притвор за браќата Усени…

September 3, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Новите министри да го слушат гласот на граѓаните, од 9 септември се отвараат градинките, нови 30 дена притвор за браќата Усени…

September 3, 2020 16:45
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Заев до министрите: Да го слушаме гласот на граѓаните оти нив им служиме

Премиерот Зоран Заев денеска при врачувањето на мандатните писма на министрите во Владата на Република Северна Македонија истакна дека од министрите очекува во извршувањето на нивните должности и Програмата за работа на Владата во наредните четири години да се вклучат без задршка и со целосна професионална посветеност.

„Како министри и министерки слушајте го гласот на граѓанинот како прецизна насока која доаѓа од највисоко ниво и од која нема отстапување. Mора да им служиме на сите граѓани, без разлика на нивната етничка, партиска припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, раса, боја на кожа, потекло, припадност на маргинализирана група, јазик, социјално потекло, образование, религија, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус“, рече Заев.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Џевдет Хајредини, поранешниот министер за финансии, во интервју за ЦИВИЛ Медиа зборува за национализмот, како било во деведесетите за време на Југославија, и како е сега.

Корупцијата се маскира зад национализмот, како што зборувавме, за идеологиите на нациите во минатото, сега зад тоа е само корупцијата и ништо друго.

АНАЛИЗА: Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза (1 дел)

ФЛЕШ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев придружуван од вицепремиерот за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерот за правда Бојан Маричиќ и државните секретари Калина Габер од Секретаријатот за европски прашања и Зоран Попов од Министерството за надворешни работи, денеска одржаа утринска брифинг средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во нашата држава.

Новата Влада планира во следните четири години да отвори 80 отсто од поглавјата во преговорите за влез во Европската Унија и да ги донесе европските стандарди дома.

Христијан Мицкоски е изолиран и осамен во претседателскиот кабинет на ВМРО-ДПМНЕ. Никој повеќе не верува на неговата глума, лажните солзи и празните и апсурдни тези, велат од Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО – ДПМНЕ.

Министерката за труд и социјална политика, Јахода Шахпаска денеска изјави дека установите за згрижување и воспитување се подготвени на 9 септември да ги примат децата согласно здравствените протоколи.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и денеска сведочи пред Меѓународниот суд за Косово.

Охридскиот советник од редовите на ДУИ, Нефи Усеини и неговиот брат добија нови 30 дена притвор по барање на Обвинителството, поради страв дека тие ќе избегаат.

Македонските адвокати отсега може да полагаат трансферен испит и да работат со титула адвокат во Англија и Велс, објави утрово на својот фејсбук профил министерот за правда Бојан Маричиќ.

СЛОБОДНА ЗОНА

„За поздравување е ставањето ред со дивоградбите. Но добро ќе биде ако се ослободиме и од тешките последици на Скопје 2014. Дивоградби, криминални зделки, незаконски тендерски постапки, злоупотреба на службената положба… Има тука доволно материјал и за судења и за конфискации и за рушење. Добро е што Шпанските скали паднаа на суд, ама и на Скопје 2014 му е време да падне“, пишува Џабир Дерала во „Дивоградби, селанска буна, неизбежниот Мицко и… се вратив од одмор“.

Д. Муратов

Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ