• Latest

Ново рочиште за случајот „Плацoви на Водно“

July 19, 2021

Владата ја пушти „втората рата“ од 17 километри од делницата Кичево – Охрид

September 7, 2025

Тинејџери шетаат со пиштоли на улица и во кафуле – полицијата интервенира, но каде е системот?

September 7, 2025
Фото: МВР

Пијан возач со тротинет удри во толпа на протест против „Вардариште“ во Аеродром

September 7, 2025
Ескалација на протестите во Србија
Фото извор - Нова.рс

Вучиќ го разреши „непослушниот“ командант на антитерористичката единица Спасоје Вулевиќ

September 7, 2025

Во болницата во Кочани се задржани четири пожарникари, осуммина се на Токсикологија во Скопје

September 7, 2025

(Видео) Русија погоди владин објект во Кијив, загинаа три лица меѓу кои и едно бебе

September 7, 2025

САД со нови предлози за примирје и ослободување на заложниците во Газа

September 7, 2025

Земјотрес почувствуван во Кичево, Охрид и околината

September 7, 2025

Пожарот во „Винчини“ ставен под контрола, повредени неколку пожарникари – згазиле во стопен шеќер

September 7, 2025

Меџити: Испратен е Инспекторатот на „Вардариште“, деновиве се очекуваат резултатите

September 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Ново рочиште за случајот „Плацoви на Водно“

July 19, 2021 09:32
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Плацови на Водно“ во кое првообвинет е пребеганиот поранешен премиер Никола Груевски.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.

Во воведниот говор, на првото рочиште за предметот, одржано на 16 јули, обвинителката Стефанова, рече дека за секое дејствие кое е наведено во актот, за секој факт кој го тврдат ќе изведат докази и побара да биде конфискуван целиот имот кој е ставен во обвинителниот акт.

Бранителот на Сашо Мијалков, адвокат Ѕвонко Давидовиќ, нагласи дека онака како што е напишано обвинението, воопшто не соодветствува на законското битие на кривичното дело „перење на пари“, кое како што посочи е последица на едно друго кривично дело кое мора да му претходи, а Обвинителството ниту го утврдило, ниту го предлага, ниту може да ја докаже неговата умисла и знаењето дека некој друг незаконито зел пари од партија па му помогнал на тој начин што му предложил офшор компании.

Ние не сме должни да докажуваме невиност, заклучи Давидовиќ, но, како што изјави, во овој случај ќе докажуваат дека она што го тврди Обвинителството е според него, прво апсурдно, второ, нема ни законски елементи на битието на кривичното дело, ниту елементи на вина, а нема ни правна ни човечка логика.

Адвокатот на Јордан Камчев, Еленко Миланов, смета дека во конкретниот случај пред сè не може да оди оваа правна квалификација на овој начин и со ваков обвинителен акт.

– Слушнавме во воведниот говор нови докази за наводни трансакции. Финансиски трансакции без економско вештачење какво што ниту е најавено, ниту направено од Обвинителството не може да има. Ќе докажеме дека ништо од ова не е со средства на тој начин и на кој било друг, туку дека сите средства коишто потекнуваат во овие купувања на удели се од деловно работење на ОРКА компанијата, изјави Миланов, по првото рочиште за предметот.

Според обвинението, обвинетиот Никола Груевски, во периодот од 2006 до 2012 година, присвоил 1,3 милиони евра, како дел од парите што биле давани како донации за финансирање на партијата и не ги прикажал како примени донации. Во обвинението за Груевски се вели дека во средината на 2012, тој дознава дека физички лица кои се иселени од државата преку посредници продаваат земјиште од околу 11.000 квадратни метри на Водно и бара од Мијалков да му помогне да го купи ова земјиште, ама да се прикрие изворот на парите.

Мијалков, според обвинението, стапува во контакт со обвинетиот Ненад Јосифовиќ, кој бил сопственик на веќе регистрирана офшор фирма во Белизе и се договорил оваа фирма да биде основач на домашна фирма која ќе биде употребена за да се купи земјиштето. На домашната фирма, управител станува Ристо Новачевски, кум од првиот брак на Груевски.

Откако била постигната согласност за купопродажната цена, според обвинението, во повеќе наврати на девизната сметка на скопската фирма, преку сметката на фирмата од Белизе парите се пуштаат во оптек, а Новачевски во својство на управител на фирмата со сопствениците на земјиштето потпишува договор за купопродажба за купување на шума со површина од 11.255 квадратни метри и за тоа плаќа 1,2 милиони евра. Во 2015 година се менува ГУП на Град Скопје, овие парцели се пренаменуваат во градежни, а и уделот на фирмата од Белизе се пренесува на име на Јордан Камчев и неговата мајка, Ратка Камчева, а плацовите се делат на три дела.

Освен ова, Груевски, според обвинението, како службено лице со намера да го прикрие имотот со кој се стекнал додека вршел државна функција, а кој ги надминува неговите приходи пријавени во анкетниот лист, дал непотполни податоци за недвижниот имот што го поседува, а фиктивно се водел на обвинетиот Новачевски. Па така, тој во анкетниот лист за имотната состојба не пријавил два стана во Скопје со површина од 38 и од 57 квадратни метри, градежно земјиште во Центар во Скопје со површина од 2.729 квадратни метри и две градежни парцели во Крушево.

Екс премиерот Груевски е во бегство во Будимпешта, а Мијалков и Камчев се во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари каде издржуваат мерка притвор. Останатите обвинети, пак, се со полесни мерки на претпазливост.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: ДИК – 69 независни кандидати за градоначалници, предизборна прислушувачка пресметка Филипче – Мицкоски, Додик и Вучиќ со пораки до ЕУ преку Путин

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ