• Latest
Фото: миа.мк

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Ново замрзување на цените; РСМ испорача сè што побара ЕУ, време е за уставни измени, Стејт департмент – Бугарите не ги почитуваат малцинствата

March 21, 2023

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Ново замрзување на цените; РСМ испорача сè што побара ЕУ, време е за уставни измени, Стејт департмент – Бугарите не ги почитуваат малцинствата

March 21, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: миа.мк

Фото: миа.мк

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Се замрзнуваат цените на оризот и јајцата, кај шеќерот и брашното засега без интервенции

Владата ги замрзнува цените на оризот и јајцата, а ќе го ограничи извозот на јајца. Во однос на шеќерот и брашното сѐ уште нема да се интервенира.

Ќе се чека трговците сами да ги поевтинат овие производи, додека цените во месната индустрија се следни за анализа.

За овошјето и зеленчукот ингеренции има Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Доколку оттаму се предложат какви било мерки, Министерството за економија е подготвено да ги прифати.

Министерот за економија Крешник Бектеши кој вчера информираше за овие најнови одлуки, не прецизира колкава ќе биде замрзнатата цена на оризот и јајцата. Не сакал да објави, како што напомена, пред да биде соопштена конечната одлука од страна на Владата.

Повеќе: ТУКА

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Схинас: Северна Македонија испорача сè, сега е време за следниот чекор – отворање на кластерите, по уставните измени

„Мојата главна порака беше дека кога ќе погледнеме назад кон историјата, многу пати видовме балканизација на европската политика. Ние знаеме што значи тоа – страдања, војни, поделби. Но, она што не сме го виделе досега е европеизација на регионот на Балканот. И тоа се случува сега, само во изминативе 20 години. Тоа е ново и е нешто позитивно, тоа е охрабрувачки чекор“, изјави денеска потпретседателот на Европската Комисија, Маргаритис Схинас.

Маргаритас Схинас (фото извор: МИА)

Схинас ја посочи Северна Македонија како пример.

„Повеќето земји се сега цврсто на патот кон членство во ЕУ. Северна Македонија е пример, каде мислам дека ЕУ не беше секогаш многу фер, бидејќи побаравме многу различни работи, а вие ги испорачавте. Сега треба да преминеме на следното поглавје, а тоа е отворање на преговорите по поглавја и затворање на овие поглавја, откако ќе ги спроведете уставните измени, на кои што се обврзавте. Значи, позитивен момент за Северна Македонија“, изјави Схинас.

Повеќе: ТУКА

ВОЈНА ВО УКРАИНА

САЈБЕР ВОЈНА Ботови, координирано неавтентично однесување кое потекнува од Русија, обиди за шпионажа на руски хакери насочени кон сојузниците на Украина, сајбер напади и масовно создавање ресурси со единствена цел – ширење дезинформации. Русија прибегнува кон секакви средства за да навлезе во информативниот простор на Европа. Главната цел на Русија е да ја оправда својата војна против Украина во очите на западната публика и да ја дестабилизира Европа, се вели во извештајот на Центарот за стратешка комуникација и безбедност на информации.

ЕКСПЛОЗИИ НА КРИМ Експлозија во Џанкој на привремено окупираниот Крим ги уништи крстаречките ракети Калибр при нивниот транспорт со железница, објави Главната разузнавачка управа на Министерство за одбрана на Украина.

Фото: Укринформ

БАХМУТ СТОИ По линијата на фронтот во областа на одговорност на источната групација на украинските сили, се водат интензивни борби. Продолжува одбраната на Бахмут, изјави командантот на копнените сили на Украина, Олександар Сирскиј. Според него, украинските сили уништуваат непријателска воена опрема, како и руски воен персонал во правецот Бахмут.

ФЛЕШ ВЕСТИ

МТСП Наративот против родовата еднаквост, вклучително и сексуалното образование, е манипулирање на реалноста и илузија за враќање на патријархалните сфаќања, соопштија денеска од МТСП, како реакција на ставовите изнесени на трибина „Зошто Не за сексуалното образование во училиштата“ во организација на Елеуса Фондацијата.

МЕДИУМИ Доделени новнарските награди „Никола Младенов 2022“, меѓу добитниците ИРЛ, новинарката Кристина Атовска и Арбнора Мемети.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ Светскиот ден на лицата со Даунов синдром традиционално се одбележува на 21 март. Годинава под мотото „Со нас – не за нас“ овој ден е фокусиран на пристапот заснован на човековите права кон попреченоста – право да се третираат праведно, да имаат исти можности и слобода да направат сопствен избор.

СУД Основниот кривичен суд Скопје денеска информира дека предметот „Титаник 2“ вчера бил доставен во Алелацискиот суд за надлежно постапување.

ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Властите во Северна Македонија преземаат мерки за подобрување на состојбата со човековите права, но и натаму има веродстојни извештаи за нечовечко и понижувачко постапување и пренатрупаност во одредени затворски одделенија, насилство и закани за насилство врз новинари, сериозна владина корупција, недостаток на одговорност за родово и семејно насилство и насилство и закани кон ЛГБТ популацијата, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент за човекови права за 2022 година.

Извештајот на Стејт департментот за човековите права го потврди она што како порака стигнува изминатите денови од Европската унија на редовна основа – дека Македонија има многу подобар однос кон етничките малцинства отколку Бугарија и што е поважно, дека никој не гледа системска дискриминација во однос на Бугарите во нашата држава, нешто на што Софија го темели својот негативен наратив во Брисел кон нашата земја.

ИНТЕРВЈУ

Шукова: Прилеп е позитивен пример за селекција на отпад во секое домаќинство, за потребите на општините за селекција на отпадот ќе обезбедиме 7.000 контејнери

AL-PRESS

Редакциски избор од албански медиуми: Социјалдемократите со пароли „Албин заједница “ во Приштина, аналитичари полемизираат околу двосмисленоста на зборовите Анексот- самоуправување или асоцијација

СЛОБОДНА ЗОНА

Општа, па и донекаде чудна е и самата формулација „нормализација на односите меѓу Србија и Косово“. Тоа може да значи многу нешта и ништо во исто време. Но што и да значи нормализација, тоа сигурно е подобро отколку тоа што се случува во односите меѓу двете балкански држави, кои не се признаваат меѓусебно и постојано живеат во затегнати односи и криза“, пишува Џабир Дерала во денешното ES-PRESS-O „Србија и Косово се на добар пат за нормализација, што и да значи тоа“.

„Преговорите со институциите на ЕУ ќе бидат долги и според сегашните правила и скалила завршуваат со подготвеност на државата за полноправно членство. Значи целиот процес на преговарање всушност е реформа на државата со вградување на вредности, правила и процедури кои сега не се дел од системот или не се имплементираат“, пишува Војо Маневски во колумната „Европско огледало“.

Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ