• Latest
Фото: Ангел Ангеловски

МТСП: Наративот против родовата еднаквост, вклучително и сексуалното образование, е манипулирање на реалноста и илузија за враќање на патријархалните сфаќања

March 21, 2023

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

МТСП: Наративот против родовата еднаквост, вклучително и сексуалното образование, е манипулирање на реалноста и илузија за враќање на патријархалните сфаќања

March 21, 2023 13:33
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Фото: Ангел Ангеловски

Фото: Ангел Ангеловски

Share on FacebookShare on Twitter

Креирањето на законски решенија кои имаат за цел унапредување на правата на сите граѓани, согласно потребите на едно современо општество е приоритет и сериозна обврска во работењето на Министерството за труд и социјална политика. Во таа насока, на транспарентен начин, со вклученост на сите засегнати релевантни чинители во општеството се креираат сите законски решенија кои се во негова надлежност.

Поаѓајќи од тоа дека, граѓаните мора да бидат точно и навремено информирани, за работата на министерството, истото организираше и осум јавни дебати за новиот Предлог закон за родова еднаквост со кои беа опфатени сите региони во државата, а на кои присуствуваа заинтересираните страни, како што се координаторите и комисиите за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво, претставници на локални здруженија на граѓани како и жени пратенички.

Токму овие јавни дебати се со цел, оставање на простор за искажани мислења, ставови, сугестии и предлози од кои ќе бидат во насока на подобрување на законското решение.

Министерството за труд и социјална политика, ја информира и реагира до јавноста дека во врска со изнесените ставови во однос на родовата еднаквост и новото предлог законско решение за родова еднаквост, изнесени на трибина „Зошто Не за сексуалното образование во училиштата„ во организација на Елеуса Фондацијата, дефинициите и поимите, кои се во дискурсот на родовата еднаквост се погрешно интерпретирани, користејќи реторика која е спротивна на основните принципи за човекови права врз кои се заснова Предлог Законот за родова еднаквост.

Целта на законот е да се обезбеди остварување на потполна родовата еднаквост, преку зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење за целосно надминување на пречките и создавање услови за остварување на потенцијалите на сите луѓе, без разлика на полот, родот и родовиот идентитет.

Предлог законот ќе овозможи усогласување со новите ЕУ директиви во насока на поефикасна легислатива за родова еднаквост и ќе придонесе за јакнење на владеењето на правото, изградба на независни институции и функционален систем на национално и локално ниво.

Предлог законот дефинира „Пол” како биолошка и психолошка карактеристика врз основа на кои луѓето се дефинираат како жени или мажи, додека „Род” е социјална конструкција која ги подразбира општествените својства и можности што се поврзуваат со тоа да се биде женско или да се биде машко.

Во овој контекст, полот се однесува на биолошки и физиолошки карактеристики кои ги дефинираат мажите и жените, односно број и вид на полови хромозоми, хормони, внатрешна репродуктивна анатомија и надворешни гениталии. Овие карактеристики се универзални и генерално постојани. Исклучок се случаите на интерсексуалните лица кај кои уште од самото раѓање овие карактеристики не се ниту целосно типично машки, ниту целосно типично женски. Интерсексуалните лицата не треба да се мешаат со трансексуалните лица чиј родов идентитет се разликува од она што во културата се поврзува со нивниот пол на раѓање .

Тенденцијата на овој закон е да се надминат пречките и недостатоците во ефикасното обезбедување на еднаквост и елиминирање на стереотипите во општеството.

Наративот против родовата еднаквост вклучително и сексуалното образование е манипулирање на реалноста и илузија за враќање на патријархалните сфаќања, неприфаќање на различностите и наметнување на дискриминирачки ставови за различноста.

Сексуалното образование во училиштата ќе овозможи поддршка на младите во созревањето, да изградат сопствен систем на вредности и самопочит што ќе им овозможи да носат одговорни одлуки и да се однесуваат одговорно, да се спречи предвремени и незаштитени сексуални односи, да се превенираат бројните несакани последици од незнаење и предрасуди, злоупотреба и насилство и да придонесе за развој на толерантни и квалитетни односи помеѓу момчињата и девојчињата засновани на меѓусебна почит.

Ваквите ставови изнесени на трибината го враќаат општеството назад, не придонесуваат за подобар квалитет на живеење туку водат кон зајакнување на стереотипите и предрасудите, кон говор на омраза, дискриминација и ксенофобија, се вели во реакцијата на Министерство за труд и социјална политика.

Tags: МТСПродова еднаквост
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ