• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалдемократите со пароли „Албин заједница “ во Приштина, аналитичари полемизираат околу двосмисленоста на зборовите Анексот- самоуправување или асоцијација

March 21, 2023

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалдемократите со пароли „Албин заједница “ во Приштина, аналитичари полемизираат околу двосмисленоста на зборовите Анексот- самоуправување или асоцијација

March 21, 2023 12:01
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Исходот од средбата Курти-Вучиќ-Борел во Охрид на 18 март, една од главните теми во косовските медиуми. Социјалдемократите излегоа со улична акција со пароли на кои пишува „Албин заједница“, аналитичари полемизираат околу двосмисленоста на зборот самоуправување, употребен во Анексот на договорот за нормализација на односите  помеѓу Србија и Косово, Стејт Департментот на САД во својот извештај посочува на политички притисок, корупција и малтретирање на администрацијата од страна на албанската влада.

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Радио Косова е Лире: Социјалдемократската партија со акција во Приштина против Заедницата

„Активисти на социјалдемократската партија напишаа пароли со натпис: „Албин Заједница“. Оваа акција доаѓа по средбата во Охрид, на која премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ се договорија за спроведување на договорот постигнат на 27 февруари. Од оваа партија во изјава за медиумите велат дека зборот „Заједница“ го крстил самиот премиер Албин Курти.“, пренесе Радио Косова е Лире.

Слободна Европа: Самоуправување или Асоцијација

„Двосмисленоста на зборовите употребени во Анексот на имплементацијата на Договорот за нормализација на односите Косово-Србија ја зголемува нејасноста во мислењето и го отежнува правилното толкување на овој договор, велат Рахман Пачаризи и Душан Јањиќ, познавачи на политичките случувања во Приштина и Белград.

Договорот има 11 члена и „играта со зборови“ се прави особено во членот 7, велат аналитичарите.“, пренесе Слободна Европа на албански јазик.

Газета Експрес – Меѓународни медиуми: Доколку договорот се имплементира, тоа го спречува Белград да го блокира влезот на Косово во ОН

„Планот на ЕУ бара двете земји да одржуваат добрососедски односи и меѓусебно да ги признаваат официјалните документи и националните симболи“.

Доколку се спроведе, тоа ќе го спречи Белград да ги блокира напорите на Косово да бара членство во Обединетите нации и другите меѓународни организации, пишува АП, нагласувајќи дека договорот што го подготвија Франција и Германија и го поддржаа САД, не бара експлицитно меѓусебно признавање меѓу Косово и Србија.“, пишува Асошиетед Прес, пренесе косовскиот дневник Газета Експрес.  

АЛБАНИЈА

Шќип: „Политички притисок, страв и корупција на пингвините“ / Јавен извештај на Стејт Департментот за Албанија: Владата ја малтретира администрацијата

„Недостатоци во независноста и интегритетот на судството; недостаток на независни медиуми; и тековната корупција во владата, органите за спроведување на законот и локалните институции беа главните проблеми во Албанија во текот на изминатата година, се вели во извештајот на американскиот Стејт департмент објавен денеска.“, пренесе албанскиот весник Шќип.

РТШ : Албанија го отфрли барањето на Русија за дополнителен информатор на состаноцита на Советот за безбедност

„Албанија се спротивстави на присуството на дополнителен информатор на состаноците на Советот за безбедност за прашањето за Украина. Предлогот на Руската Федерација да се приклучи информатор на граѓанското општество на состаноците на таква структура, Албанија го смета за опасен преседан.“, пренесе албанската РТШ.

КОЛУМНА

Бота Сот: Америка го поздравува Охридскиот договор, ЛДК и ПДК се против – кој е тука антиамериканец?

„Иронично, ЛДК и ПДК, за инает затоа што не се на власт за да бидат протагонисти на овој договор, фрлаат кал по власта за договорот што самите го потпишаа, освен во првата верзија, која е поштетна за државата.

Договорот од 2013 година беше многу по штетен за Косово од сегашниот, додека сегашната верзија е многукратно подобра од пред 10 години. Но, во точка 7, Владата инсистира да ги одобри измените врз основа на американското ветување за Здружение без извршни овластувања.

Убеден сум дека со својот пристап и сериозност, владата на Косово ќе го најде најдобриот можен модел за нејзино спроведување. Нашата земја никогаш немала подостоинствено претставување, освен Ругова, на меѓународната сцена.“, извадок од колумната : „Америка го поздравува Охридскиот договор, ЛДК и ПДК се против – кој е тука антиамериканец?, од авторот Фатон Мехмети, објавена во косовскиот дневник Бота Сот.

Д. Тахири

 

Tags: Албанијаалбански медиумиЗаедницаизборКорупцијаКуртирегионРусијасамоуправаСовет за безбедностСтејт Департмент
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ