Експлозија во Џанкој на привремено окупираниот Крим ги уништи крстаречките ракети Калибр при нивниот транспорт со железница, наведува Телеграм каналот на Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана, пренесува Укринформ.
„Експлозија во градот Џанкој на северот на привремено окупираниот Крим ги уништи руските крстаречки ракети Калибр-НК за време на нивниот транспорт по железница“, се вели во извештајот.
Ukraine is attacking military targets in Dzhankoi, Crimea with something that sounds like… Iranian drones LOL pic.twitter.com/Npd12OYWuB
— Saint Javelin (@saintjavelin) March 20, 2023
Доцна во понеделникот, 20 март, Телеграм каналот „Кримски ветер“ објави дека одекнале експлозии во градот Џанкој во северниот дел на привремено окупираниот Крим.
„Известено е дека имало експлозија во Џанкој. […] А пред тоа, авиони почнаа да летаат во близина на Евпаторија“, се вели во објавата.
Подготви: Д. Мишев