• Latest

„Новости“: Новинарот Стефан Цветковиќ тврди дека бил киднапиран, имал контакти со лица од Македонија и Приштина

June 16, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Новости“: Новинарот Стефан Цветковиќ тврди дека бил киднапиран, имал контакти со лица од Македонија и Приштина

June 16, 2018 15:17
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Весникот „Вечерње новости“ од свои разузнавачки извори денеска пишува дека „исчезнатиот па пронајден“ новинар Стефан Цветковиќ, во полицијата тврдел дек бил киднапиран од непознати лица, кои му се заканувале дека ќе го префрлат во Романија.

Како што наведува весникот, на истражните органи целиот негов исказ како и пронајдените докази им се сомнителни, поради што новинарот се уште се наоѓа во полиција.

Во текстот понатаму се наведува дека според неименувани „оперативни сознанија“ Цветковиќ пред десетина дена бил во Приштина со познат бизнисмен од источна Србија, со кој пред мистериозното исчезнување најмногу комуницирал. Одредени разговори имал и со непознати лица од Македонија, како и со лице чиј телефонски број е лоциран во Приштина, пишува „Новости“,  додавајќи дека преку лоцираните разговори, полицијата дошла до сознание дека тој е „жив и здрав и дека ништо не му се случило“.

Цветковиќ тврди дека поради сознанијата за убиството на Оливер Ивановиќ, бил киднапиран од лица инволвирани во ова убиство, пишува весникот и наведува дека полицијата и Безбедоносно-информативната  агенција (БИА) се уште вршат реконструкција на случајот со проверка на сите негови контакти.

Вчера претседателот Александар Вучиќ изјави дека “им благодари на БИА и на полицијата кои деноноќно ги дешифрираа повиците со Приштина и  успеаја се да поврзат. Претпоставувме дека ништо не е му се случило, а за тоа што тој го говори – за тоа подоцна ќе видиме”, додека министерот на полицијата Небојша Стефановиќ изјави дека се појавиле доста нелогичности за време на истрагата и дека во Србија се јавува нов проблем- а тоа е се поголемата појава на лажни вести.

Денеска и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ во врска со овој случај изјави дека „ширењето на лажни вести има за цел дестабилизација на Србија и притисок за да се прифати нешто што не е државен интерес на Србија, околу постигнувањето компромис со Приштина.“

Се огласија и Репортери без граници (РСФ) кои ги повикаа српските власти на темелна и независна истрага во врска со случајот на новинарот Стефан Цветковиќ.

(МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: МакедонијаМедиуминовинариПриштинаРоманијаСтефан Цветковиќ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result