• Latest

Нетранспарентноста ги поскапува и забавува инфраструктурните проекти

April 17, 2018

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нетранспарентноста ги поскапува и забавува инфраструктурните проекти

April 17, 2018 12:35
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Инфраструктурните проекти нема да се одолговлекуават и за нив ќе нема дополнителни трошоци доколку  при одлучувањето навреме се вклучи јавноста,  порачаа учесниците на денешната регионална конференицја „Јавна инфраструктура во Југоисточна Европа – во чиј интерес“, на која беа претставени примери на инфаструктурни проекти во државите од регионот без транспарентни постапки.

Соња Ристеска, еден од авторите на студијата за инфраструктура во ЈИЕ презентирана на конференцијата, укажа дека во Македонија досега има само заложба  и најчесто проектите се презентираат без јавни дебати или на крајот кога веќе се направени без можност јавноста да има влијание. Тоа, како што појаснува, предизвикува разни проблеми, како со проектите за хидоцентралите „Бошков мост“ и „Луково поле“.

Во однос на автопатот Демир Капија – Смоквица не е спорна корисноста, но, како што вели,  различните извештаи за начинот на кој е избрана компанијата изведувач на работите и процесот против неа во грчките судови, укажува на тоа дека постапката на водење на проектот не е во корист на Македонија.

– Доколку процесот бил  потранспарентен при изборот на компанија што има некоја добра заднина во раководењето проекти, можеби ќе се завршел и порано и ќе чинел помалку, рече Ристеска.

Како што потенцира, поради скандалите со корупцијата во минатото  и во транспортниот и во енергетскиот сектор навистина мора да се работи против нејзино искоренување, со тоа што кога ќе се отвораат тендерите да имаат шанса компаниите што во минатото добро работеле и немаат корупциски дамки.

Звездан Калмар, претставник на српската  невладина организација ЦЕКОР посочи дека во Србија имаат лоши примери  при инфраструктурни проекти на Коридорот 10 со лошо дизајнирани  проекти поради што дошло до  одрони  и раселување на луѓе и оти се загрозувале заштитени подрачја.

– Владите заедно со корпоративниот сектор  најчесто се поставуваат во улога на апсолутен владетел на идните планови и во тој контект  во изработката на плановите и во Србија и во другите држави не се зема предвид макроекономската стабилност, се дава приоритет на приватните интереси, особено  на големи  корпорации кои учествуават, а исто така имаат многу негативно влијание на животната средина, изјави Калмар.

горан сугарескиМинистерот за транспорт и врски Горан Сугарески, пак, порача дека Владата е посветена на вложување во капитални инфраструктурни проекти, со максимална транспарентност, што не било случај во минатото за кога на конференцијата наведе примери.

– Никој од нас не знаевме како се склучувале дел од  договорите со изведувачите. Има случаи каде цените на градежните материјали се договарале во четири очи без соодветна постапка. Има проекти кои заради непочитување на процедурите за јавни набавки ја чинат државата и по десетици милиони евра повеќе. Се  соочивме со проекти во кои ако не реагиравме навреме државата требаше да плаќа пенали, рече Сугарески.

Како што најави, од капиталните инфраструктурни проекти во Македонија следната недела ќе биде пуштен во употреба автопатот Демир Капија – Смоквица, во октомври  годинава и автопатот Миладиновци – Штип. Ќе продолжи, како што рече, и изградбата на автопатот од Кичево до Охрид, ќе стартува градбата на три нови експресни патишта, во тек е проектирање на два автопата и други експерсни патишта.


Извор: МИА

Tags: ЈИЕконференцијатранпарентност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ