• Latest

Нула толеранција за корупцијата за општество еднакво за сите

March 18, 2022

24 ЧАСА: Кошта со јасна порака до Мицкоски – нема план „Б“ – исполнете го договореното; Путин се исплаши од Зеленски; Тирана домаќин на 6-от самит на Европската политичка заедница

May 15, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто владејачкото мнозинство не гласаше за помош за настраданите во Кочани?

May 15, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Воените жаришта во светот како закана за Трета светска војна

May 15, 2025
Фото: Министерството за економија и труд

Дурмиши: За 2025 година утврдена квота од 10.000 работни дозволи за странци

May 15, 2025
Изет Меџити, вицепремиер (Фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Меџити: Арбен Фетаи и јас ги браневме етничките прашања во владата, Таравари не се пожали

May 15, 2025
Фото: Влада

Кошта – Мицкоски: Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, процесот на евроинтеграции ќе се засили во периодот кој што следи

May 15, 2025
Фото: Instagram

Мексиканска инфлуенсерка застрелана за време на пренос во живо на TикТок

May 15, 2025
Фото: Скриншот МВР

МВР: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир

May 15, 2025
Фото: Фејсбук Орхан Муртезани

Министерот за европски прашања Муртезани го пречека Кошта во Скопје

May 15, 2025

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Нула толеранција за корупцијата за општество еднакво за сите

March 18, 2022 09:31
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Нула толеранција за корупцијата за општество еднакво за сите, порача премиерот Димитар Ковачевски на денешната тркалезна маса „Култура на интегритет – Пат до успех во борбата против корупцијата“, нагласувајќи дека  политичката волја е клучна во борбата против корупцијата.

Тој информира дека ги има поминато сите обуки, врвни легислативи во борбата против корупцијата и јасно му е каде треба да стигнеме по процесот на спроведување на сите реформи во областа на борбата против корупцијата.

– Дали сме блиску, не многу сме далеку. Пред нас имаме многу работа, а таа работа зависи од посветеноста прво на сите одговорни политички ресори во државата и во одговорноста на сите професионални – функционални ресори во државата. Тоа не е еднократен акт на дејство, тоа е воспоставување систем каде луѓе со високи етички и морални вредности ќе бидат дел од раководење со сите институции. Тоа не го споменувам случајно, затоа што оние институции и организации, без разлика на нивната независност, кои се најмногу изложени на можноста за корупција вообичаено со текот на времето, доколку нема добра легислатива и добро не се спроведува, стануваат најотпорни на притисок и продолжуваат на начинот на кој работеле до денот кога кај нив се правела контрола, потенцира Ковачевски.

За тоа да се промени мора со партнери кои имаат ресурси и знаење да работиме сите заедно и да дадеме многу напор, бидејќи треба многу работа, труд, посветеност, за да се направи еден милиметар исчекор во борбата против корупцијата, порача премиерот Ковачевски.

Но тој исчекор, потенцира Ковачевски, сите граѓани ќе го препознаат, ќе го почитуваат и сите заедно ќе направиме подобро општество за живеење на граѓаните и подобри услови за работење на компаниите во државата.

– Ние сме држава во којашто постои сомнеж дека фирма којашто не постои добила 90 тендери. Замислете да постоела колку ќе добиела. Тоа мора да се искорени. Ако за тоа нема волја и ако тие механизми се попречени на кој било начин оваа општествена болест ќе ги опфати сите витални делови на заедницата и ќе го спречи нејзиниот развој. Нашата заложба е креирање општество во кое инсистираме на еднаков пристап до правдата, ефикасно владеење на правото на сите нивоа, како и транспарентни, ефективни и одговорни институции, рече Ковачевски.

Апелираше дека ние мора без одлагање да ги удвоиме напорите за препознавање, спречување и решавање на коруптивните дејствија, кои создадоа ситуации на раширена перцепција за корупција.

Ковачевски порача дека не смееме да изградиме општество во кое што чесните се сметаат за наивни, а нечесните се сметаат за снаодливи.

-Остварувањето на оваа цел која е идентична со целта на граѓаните на РСМ ќе се оствари со заложба на Владата и нејзините политики и стратегии за борба против корупцијата, нагласи Ковачевски и наведе дека ист таков пристап се очекува и од народните избраници во Парламентот, како и од сите функционери во извршната и во судската власт.

Најави дека ќе се зајакне координацијата меѓу надлежните институции, министерствата, независните институции како што се  ДКСК и судовите, НВО и приватниот сектор. Повика секој да го даде сопствениот придонес корупцијата да стане приказна од минатото.

Потсети дека минатата година извештајот на ГРЕКО за Северна Македонија со препораките од петтиот круг на евалуација на тема „Превенција од корупција и промовирање на интегритетот на централната власт“ нотираше напредок во дел од препораките за борба против корупцијата. Тоа, според Ковачевски, е показател за јасно изразена политичка волја за спречување и крајно искоренување на корупцијата.

Имаме Закон за заштита на укажувачите, но она што имаме силна определба да го направиме, рече премиерот, е да го усовршиме функционирањето на системот на укажувачите за да ги извлечеме максималните можности од законски можности. Со законот се опфатени сите мерки за заштита на укажувачите, но со дополнителни подзаконски акти ќе се зајакнее сигурноста и заштитата на овие граѓани за да охрабриме, рече, поголем број граѓани да се осмелат и безбедно учествуваат во борбата против корупцијата како наша заедничка борба.

Претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска на тркалезна маса нагласи дека нивната заложба за достигнување висок степен на одговорна, отчетна ефикасна и непристрасна администрација и извршна власт била препознаена од ЕУ, така што и денешниот настан е само една од активностите што заеднички ги организираат во рамки на ИПА 2 проектот, промовирање на транспарентност и одговорност во јавната администрација и токму затоа насловот е „Култура на интегритет – Пат до успех во борбата против корупцијата“.

Таа најави дека учесниците денеска ќе дискутираат за политиките на интегритет, на заштитеното пријавување, а ќе се презентира и практичното упатство за правилото за ад хок откривање и управување со случаи на судир на интереси за членовите на Владата, а овој документ ДКСК го има изработено следејќи ги препораките на ГРЕКО.

– Ризиците кои можат да произлезат од судирот на интереси претходно беа потценети и останаа во сенка на ризиците поврзани со корупција, но сепак ГРЕКО во последните извештаи им обрнува особено големо внимание и не потсетува дека постоењето на судир на интереси е ситуацијата што често се случува и претставува терен што води кон корупција, рече Ивановска.

Крајната цел, истакна Ивановска, е поставување воедначена линија по која ќе се движиме сите, насока која ќе ја препознаеме и отчетност што ќе не донесе до поинакво ниво на соработка.

– Заложбите со кои ДКСК ви се обраќа денес треба да се наши заеднички мотиви за успех, а секој од нас како прв човек на својата институција треба да направи се во својата моќ за да ги достигне и следи целите, порача таа.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќањето на собирот посочи дека токму борбата против корупцијата е утврдена на врвот од стратешките приоритети во Стратешкиот план на Министерството за внатрешни работи 2021-2023. Тој нагласи дека МВР секоја година усвојува Антикорупциска програма што има за цел да воспостави систем на мерки кои ќе овозможат справување со корупцијата и идентификување на причините, условите и факторите што ја овозможуваат.

Според ваквата програма, наведе тој, обврска на сите вработени е при извршување на работните задачи да постапуваат согласно правилата, прописите и професионалните стандарди кои се применуваат во Министерството и полицијата.

Спасовски потсети дека МВР има изготвено изменувања и дополнувања на Законот за внатрешни работи во делот на задолжително воведување на тестови за проверка на интегритет при засновање на работен однос, како и тестови за проверка на професионалниот интегритет на сите вработени лица во Министерството.

– Проверката на професионалниот интегритет на работниците во Министерството ќе се врши континуирано за времетраењето на работниот однос со примена на технички средства и опрема за аудио и видео снимање, по претходно утврдени факти, односно сознанија за незаконско или непрофесионално постапување на работникот во Министерството. Негативниот резултат од овој тест е предвиден како потежок случај за дисциплинска одговорност и основ за поведување на дисциплинска постапка, а резултатот од Тестот за професионален интегритет може да биде индикатор за поведување на предистражна постапка, проценка и анализа на ризикот од корупција, промена на методологијата и процедурите за работа и утврдување на видот и потребата за обука на работниците. Споменатиот закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи е во собраниска процедура, додаде Спасовски.

Тој лично е уверен дека токму високиот полициски интегритет е основа за создавање меѓусебно почитување и доверба помеѓу граѓаните и полицијата и има голема улога во ефективната борба против криминалот и корупцијата.

Изминатиов период со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, спроведена е обука на вработените од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, на тема „Проверка на професионален интегритет“.

Во рамки на проектот „Надворешен механизам за контрола на полицијата“ во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција формирано е и започна со работа специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од страна на лицата со полициски овластувања и припадниците на затворската полиција кое издава директни наредби на вработените во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди околу гонење на полициски службеници – сторители на кривични дела.

Според министерот Спасовски, донесувањето на нов Етички кодекс за однесување на вработените во МВР, воведувањето на Тестови за интегритет за нововработените, но и Тест за професионален интегритет за вработените во МВР, градење на професионална полиција без партиски влијанија, пријавување на имот и интереси од страна на највисокото раководство или одредени позиции во полицијата, се само дел од препораките од Групата на Советот на Европа за борба против корупцијата – ГРЕКО.

– Токму препораката на ГРЕКО што се однесува на воведување на обврска за пријавување имот/интереси од страна на највисокото раководство или одредени позиции во полицијата, во предложените законски одредби за изменување на Законот за внатрешни работи, се предвидува нов член чиј наслов гласи: „Изјава за имотна состојба и интереси“, рече министерот Спасовски.

Тој уште еднаш потенцира дека задолжителна обврска на секое општество е да ги мобилизира сите институционални капацитети во справувањето со корупцијата и непрофесионалното постапување на полициските службеници и градењето на полиција што ќе ужива углед и доверба кај граѓаните.

Според Грегор Пирјевац, од Комисија за спречување на корупцијата, Република Словенија, концептот на нулта толеранција за корупција е идеалот кон кој сакаме да се приближиме, а единствен начин да го постигнеме тоа е со придржување кон етичките принципи и примена на поголема транспарентност на сите нивоа на општеството.

Пирјевац наведе дека постојаните промени на модалитетот на корупцијата и сродните форми на криминал бараат модерен пристап со специјализирање на соодветните агенции и користење на дигиталните и ИТ алатките.

– Културолошката и историската основа на земјата треба да биде земена предвид кога ги разгледуваме различните аспекти за ефикасен систем за заштита на укажувачи. Тоа е посебно важно кога ќе се земат предвид земјите со недамнешно тоталитарно минато каде спомените од полициските режими се се уште свежи и граѓаните на овие земји се помалку спремни даработат со институциите и пријавувањето се уште се смета за кодошење, рече меѓу другото Пирјевац.

Додаде дека укажувачите имаат многу важна улога во борбата против корупцијата и без нив, како што истакна, нема да добиеме квалитетни информации, а ефикасниот систем за заштита на укажувачи може да ги поттикнат луѓето да дојдат и да ги пријават неправилностите.

Според анкета направена неодамна на ЕК, посочи тој, главните причини за неукажувањето е стравот од законските последици односно финансиски последици, а одмаздата, како што рече, може да има многу форми, како што е вознемирување на работното место, притисок за давање отказ, неправилно отпуштање и парнични спорови, а главната цел е укажувачите да бидат безбедни.

За министерот за правда Никола Тупанчески се движиме во добар правец, а единствена забелешка му се однесува на она што се нарекува спроведување на она што е ставено на хартија и да има детектирање на тие состојби, со конкретна манифестација, како што рече, на волја, за да се подобрат состојбите на тој план. Спомена и документ на Меѓународното здружение на Јавни обвинители, во кој има шест принципи инкорпорирани во етичките кодекси на Обвинителството. Говореше дека треба да се размислува и во насока на дисциплински обвинител, кој би се занимавал исклучително со етиката и со добрите практики.

Според него, две работи се исклучително релевантни, како што рече, прашањата со меѓународните стандарди и добри практики што се однесуваат на одредено етичко однесување и истовремено посветеност на судир на интереси.

Горан Милевски, министерот за локална самоуправа ја гледа дигитализацијата како можност да се елиминира корупцијата.

– Ние се обидуваме да ги дигитализираме работните процеси. За почеток приоритет имаат работните процеси, каде што ризикот е најголем во спроведувањето на ИПА програмите за прекугранична соработка, онаму каде што Министерството има финансиски средства, истакна тој.

Засега, Милевски нагласи дека целосно се дигитализирани работните процеси за имплементација на програмата за прекугранична соработка на Северна Македонија – Грција.

– Тоа значи дека точно се знае кој има пристап до електронскиот систем и до кое ниво е секоја интервенција во електронскиот систем и тоа остава трага, за што се свесни и вработените и самиот пристап од нив бара поголема одговорност во поставување на ефикасност, но и простор за сомнеж за корупција, додаде Милевски.

Нури Бајрами, член на ДКСК, во обраќање беше дециден дека во Антикорупција ќе се борат да се стави црвената граница до каде е политиката, за да не се кршат законите секој ден.

– Се почнува од горе, ама не е се политика. Службите се осакатени. Стоп за привремените вработувања во јавниот сектор, има доволно алатки за вработување. Требаат лица кои после треба да ги штитат укажувачите. Нека конкурираат, нека се утврдат критериуми и тогаш ќе бидат поодговорни. Излезете кажете до каде ќе одите со политиката. По седум и по 10 пати како може да бидат вршители на должноста, како можете тоа да го правите, говореше меѓу другото Бајрами, осврнувајќи се на случаи во Царинска управа, Финансиска полиција, потоа го спомена случајот „Радика“, како и изборот, односно именувањето раководни лице во друштвата со државен доминантен капител, кои, како што рече, станале канцер во нашето општество и места за политички вработувања.

Тој го покани министерот за информатичко општество да ја посети ДКСК и да се увери дека во Антикорупциска не се работи селективно.

Во завршното обраќање, претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска заклучи дека институциите не се успешни сами по себе, туку успехот го прават луѓето кои работат во нив и имаат висок интегритет.

До министрите испрати порака дека тие се огледало во кое се огледуваат вработените во институциите и потребно е да имаат добра екипа за да бидат успешни на теренот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ