• Latest

Нуредини: Историски исчекор за конечна заштита на Шар Планина

July 7, 2021

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Нуредини: Историски исчекор за конечна заштита на Шар Планина

July 7, 2021 14:40
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Откако минатата недела, пратениците во Собранието на Република Северна Македонија со мнозинство од 66 гласови, за жал не 90 како на првото читање, го изгласаа нашиот предлог за прогласување на македонскиот дел од Шар Планина за Национален парк, оваа недела беше потпишан и указот од страна на претседателот, со што нашата држава донесе историска одлука и го доби четвртиот Национален парк по прогласувањето на последниот во 1958 година и првиот по осамостојувањето“, истакна на денешната прес-конфернеција министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Тој посочи дека со донесувањето на овој закон се стави под заштита и се овозможи воспоставување на систем за одржливо управување на подрачје кое е ризница на биодиверзитетот, дом на две третини од сите растителните видови во Северна Македонија и богат и ендемичен растителен и животински свет. Располага, како што рече, со исклучителни природни убавини, геодиверзитет, хидролошки карактеристики, пејсажни, пределни и културни вредности.

„Вкупната површина на паркот е 62 705 хектари, од кои 26,5 проценти е во зона на строга заштита, 49,06 отсто во зона на активно управување и 22.02 проценти се во зоната на одржливо користење. А предвиден е и една заштитен појас на Попова Шапка со што ќе се овозможи одржлив развој на овој туристички центар. Во креирањето на границите се внимаваше да обезбеди хомогеност на зоните, да се следи теренската конфигурација и да се во хармонија со соседните паркови. Предложеното зонирање е усогласено со зонирањето во националните паркови со кои граничи – НП Маврово и НП Шари во Косово и ги зема предвид традиционалните активности во подрачјето како сточарството, земјоделството и слично“, наведе Нуредини.

Нуредини истакна дека согласно законот, Владата ќе треба да основа Јавна установа национален парк во рок од три месеци, од неговото стапување во сила.

„Управувачката структура и начинот на функционирање ќе биде ист како и кај сите други национални паркови во државата уредени во Законот за заштита на природата. Ќе се воспостави ренџерска служба, при што разговараме и со Национални шуми, за да се преземат искусните кадри од подрачните единици што работеле во Тетово и Гостивар, како стручни лица кои најдобро го познават теренот“, додаде Нуредини.

Тој изјави дека она што е клучно е дека конкретните забранети и дозволени активности во подрачјето ќе се уредат во Планот за управување, кој се носи во рок од една година од донесувањето на Законот и за кој веќе обезбедиле средства и меѓународни експерти од Меѓународната унија за заштита на природата IUCN, преку Програмата за заштита на природата на Обединетите Нации. Веќе се работи на терен со локалното население, со економските субјекти, со цел изнаоѓање на најдоброто решение.

Министерот посочи дека процесот на донесување на Планот за управување, исто така, предвидува јавни расправи и ќе биде обезбеден инклузивен и транспарентен за сите засегнати страни.

Во Министерството за животна средина и просторно планирање веќе се обезбедени шест милиони денари за првата година од воспоставувањето на Паркот кога тој се уште нема да има свои средства.

„Би сакал да напоменам дека во процесот на изработка на овој закон, ваков како што е прифатен од Собранието, се спроведе широк, повеќемесечен консултативен процес, во кој се користеа сите расположиви алатки и методи за комуникации, со цел да се обезбеди не само висок степен на заштита на природните вредности, туку и да се испочитуваат потребите на засегнатите страни, пред се населението што живее и работи во ова подрачје. Но таа работа не застанува тука, туку продолжува при подготовката на Планот за управување“, нагласи Нуредини.

Министерот посочи дека предизвиците што ги очекуваат и придобивките што отвараат нови можности за развој ова подрачје се бројни.

„Со прогласување на Шар Планина за Национален парк ќе започне поголема меѓуопштинска соработка, а и развој на Полошкиот регион. Освен локален развој во сите седум општини од Полошкиот регион и Маврово Ростуше, конечно ќе започне и системско зачувување на природните вредности на Шар Планина кои изминативе децении се под постојат притисок од човековите активности“, рече Нуредини.

Министерот потенцираше дека Националниот парк ќе биде добра основа за креирање на локални брендови за локална храна, угостителски објекти и туристички пакети со што ќе се зголеми продажната моќ на регионот и ќе се поттикне развој на туризмот во сите негови форми.

„Со прогласувањето на Шара за заштитено подрачје се доближивме до европскиот просек со 13.2 проценти вкупна површина на заштитени подрачја. Шар Планина е и идно Натура 2000 подрачје, а на национално ниво со овој чекор ние и ги исполнуваме целите од Конвенција за биолошка разновидност и ги остваруваме и националните цели од Стратегиите за заштита на природа и биолошка разновидност“, наведе Нуредини.

Тој додаде дека со поврзување на територијата на новиот Национален парк Шар Планина со делот на националниот парк „Маврово“, националниот парк „Шари“ од Косово како и паркот на природа „Кораб –Коритник“ од Албанија се добива површина од 244 617 хектари заштитени подрачја кои првенствено се добри за природата и опстанокот на дивите видови, како што е балканскиот рис, балканската дива коза и мечката, но истовремено и за локалното население што живее таму.

„Значи со заштитата и на нашиот дел од Шар Планина, ние го креираме едното од најголемите заштитени подрачја во Европа. Заедно можеме да ги зачуваме, но и одржливо да ги користиме природните ресруси за да привлекуваме не само регионални туку и меѓународни туристи. Овој потенцијал создава можности за инвестиции и генерирање зелени работни места, како што претходно напоменав“, истакна Нуредини.

Министерот упати апел до граѓаните кои ќе го посетат НП Шара, да се однесуваат одговорно кон природата и да ја остават таква каква што ја затекнале.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ