• Latest

Невладините во Тетово бараат повеќе зеленило во градот

April 24, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Невладините во Тетово бараат повеќе зеленило во градот

April 24, 2018 16:05
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со зелен теписон на градскиот плоштад како и дрва и палми напарвени од отпадоци собрани од тетовските улици  активистите од неколку невладини организации од Тетово со симболичен пикник на градскиот плоштад  од локалната самоуправа побараа да го зголеми зеленилото во градот.

„Нашата акција е да се покрие сиво со зелено зошто многу малку имаме зеленило особено во централното подрачје на Тетово. Со овој наш перформанс праќаме порака до надлежните дека треба да има повеќе зеленило низ градот“, рече Гзим Нухиу.

Тој посочи дека кога побарале дозвола од градските власти за организација на настанот ги повикале и претставниците на општината да дојдат но не добиле потврден одговор и оти никој од локалната власт не ја посетил активноста.

Лус Отон е  25-годишна девојка од Франција која во Тетово е на студиски престој. -Мило ми е што можам да дадам придонес во вакви настани во кои младите посочуваат проблем како што е недостиг на зеленило. Нема места каде луѓето може да поминат квалитетно време. Во градот каде што живеам во Франција имаме повеќе поголеми паркови и тие се отворени за сите, а за нив се грижи општината, изјави Лус.

Според Законот за урбано зеленило донесен во јануари годинава како стандард е поставено да постои 25 метри квадратни по жител зелена површина во сите идни генерални урбанистички планови како и најмалку 20 отсто зелена површина на секоја градежна парцела зависно од намената и локацијата.


Извор: МИА

Tags: барањеграѓанизеленилоТетово
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ