• Latest

О2 иницијатива: До каде сме господа со линданот од Охис?

July 8, 2019

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

О2 иницијатива: До каде сме господа со линданот од Охис?

О2 Иницијатива на својата Фејсбук страница упатија директно прашање до Рашковски, па и Владата, кога ќе се исполни ветувањето од декември минатата година дека ќе се чистат двете депонии истовремено и дека тој процес ќе трае три до пет години во зависност од методологијата на чистење

July 8, 2019 12:47
in ЗЕЛЕНИ ТЕМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, е член и на Работна група за решавање на проблемот со линданот од Охис, што Владата ја формираше во мај 2018 година. Проблемот со линданот е сè уште актуелен бидејќи уште нема кончено решение како држават ќе се справи со отровните материи од бројните депонии на Охис.

О2 Иницијатива на својата Фејсбук страница упатија директно прашање до Рашковски, па и Владата, кога ќе се исполни ветувањето од декември минатата година дека ќе се чистат двете депонии истовремено и дека тој процес ќе трае три до пет години во зависност од методологијата на чистење.

„Во декември 2018 Владата потпиша Меморандум за соработка со Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации (UNOPS) и со министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, за чистење на токсичниот отпад – линдан – во поранешната фабрика ОХИС и формирање на заеднички Фонд за таа цел. Колку средства се собраа за отстранување на линданот од ОХИС? Која метода ќе се користи? Малата депонија во оптимистичко сценарио на есен ќе започне да се чисти од линданот и др. опасен отпад. Големата кога ќе започне? Нели истоврмено ќе се чистеа?“, прашуваат од О2 иницијативата.

„Влада на Република Северна Македонија минатиот август донела одлука да се формира комисија која ќе работи на утврдување на веродостојноста на информацијата за можноста да има дива депонија на линдан надвор од кругот на фабриката ОХИС, како во Пеленица која уште од 2008 година се појавува во ЛЕАПот на општина Кисела Вода и потреба да се испита со оглед дека и Охис и Стаклара депонирале опасен отпад тука. Во декември МОН под притисок на јавноста и медиумите забрани екскурзии на ученици во Пеленица. Депонијата во Пеленица се ветуваше дека до Нова Година ќе се огради како ризична зона. Тендерот се објави дури на 22 март, за жичана ограда да се постави после два месеца. До пред месец и пол немало никакви табли со предупредување дека се работи за локација со опасен отпад и забрана за влез. Дали во меѓувреме се поставени, нема информација. Се смета дека има и трета депонија во кругот на фабриката Охис, покрај големата и малата… Кога ќе се започне со потребните анализи во Пеленица и третата депонија во Охис? До кога ќе се чека на прелиминарните првични анализи?, прашуваат од О2 Иницијатива и очеуваат итен одговор од повиканите Рашковски, работната група и самата Влада.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ