• Latest

О2 иницијатива реагира на неостварениот План за чист воздух

September 17, 2019

ОН со огромно мнозинство ја поддржа декларацијата за решение за две држави со која се осудува Хамас, Северна Македонија се пишмани – од поддршка, до воздржана

September 13, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево, нема повредени

September 13, 2025

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025

Пекиншкиот гамбит на балканско тло

September 13, 2025

Министрите за финансии на Г7 разгледуваат можни санкции и царини за поддржувачите на руската војна

September 13, 2025

Донација од 800 илјади евра од српско потекло за гимназија, црква или џамија во Тетово – обвинувања за таен договор и деманти

September 13, 2025
Фото: Скриншот од видеото на Марио Бојиќ, Х

Во Србија денеска паралелни собири – влада против „блокадери“ и работнички синдикати против влада

September 13, 2025

Реакции на косовските политички лидери по одлуката на САД да го суспендира стратешкиот дијалог

September 13, 2025

Уште два дена до крајниот рок за пријавување на повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

О2 иницијатива реагира на неостварениот План за чист воздух

September 17, 2019 10:48
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули во интервјуто за Слободен печат од 15 септември 2019 вели дека погрешно сме го прочитале презентираното или разбрале“, реагира О2 иницијатива.

„Она што кажавме е дека од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со 2 милиони евра, нема ништо реализирано и дека објавена e само една јавна набавка за која сè уште НЕМА склучен договор, во висина од 439 илјади евра за замена на греење во јавни објекти. При тоа, пренаменети се средства од оваа Програма за гасификација на болницата во Струмица, што требаше да се направи независно…

Што е тоа што погрешно сме го разбрале, кога тој со изјавата потврдува дека сосема точно сме разбрале. Можеби мисли на различните суми објавени за замена на начинот на греење? А во неа првично стои дека за таа цел треба да се наменат 69 милиони, за да со изменета пред две недели станат 74.5 милиони. Поради пренамената пак пред недела дена на 5 милиони за гасификација на струмичката болницата, треба да има 69.5 милиони за таа цел, а не 64. На крај, јавна набавка до денес е објавена САМО за 26.76 милиони за измена на начинот на греење во јавни објекти, а таму ги нема Битола, Тетово, Куманово, Кичево, Струмица, Велес, Гостивар, Аеродром, Гази Баба, Чаир, Шуто Оризари, Кисела Вода, најзагадените општини. Хаос. Нема никаква дилема и јасно се гледа дека на брзина менувале и одлучувале, без потпирање на вистински анализи и планови. Инаку, во годишниот план на Владата јавните набавки биле планирани да се спроведат во текот на март и април, сега ЌЕ слушавме за нивната реализација.

Од Програмата за намалување на аерозагадување за оваа година, сè останува на ЌЕ, на прагот од грејната сезона и само 3 и пол месеци до крајот на 2019.

Најавено е дека ЕСМ (поранешен ЕЛЕМ) ЌЕ дал 3-4 милиони евра за замена на печките на дрва со инвертер клими во Скопје, Битола, Тетово и Кичево и ЌЕ давал по субјект до 1.000 евра. Тоа се 3.000 до 4.000 домаќинства во овие 4 града. За споредба, само во Скопскиот регион има над 52.000 домаќинства кои се греат на дрва. Директорот на ЕСМ ЌЕ чекал одобрение од Владата за да може да ги потроши тие 3-4 милиони евра народни пари, зошто не спаѓа во функција на работењето на ЕСМ. Макрадули кажа дека граѓаните, првенствено од ранливите категории, во зоните каде загадувањето е енормно ЌЕ имаат можност, согласно закон да добијат 100% поврат на средствата за замена на печките на дрва со инвертер клими. ЌЕ се донесело законско решение во вид на ваучери. За висината на средствата одлуката ЌЕ ја донеле институциите во рамки на ЕЛЕМ, како одлука на Владата, што ЌЕ било релативно брзо.

Ќе се набават материјали за енергетска ефикасност за 66.000 евра помалку од предвидените, само не во Тетово, Куманово, Гостивар, Сарај, Центар, Чаир, Аеродром, Кисела Вода, ним не им требаат изолирани објекти, нек’ гори ќумбето, нек’ се ложи, дотури од нафтата, маслото, народ плаќа.

Ќе се набават материјали за зелени урбани површини во Град Скопје со општините, освен Чаир и Сарај, таму не им треба зеленило и зелени ѕидови да се заштитат.

Ќе се набават пречистувачи за 34 училишта во висина од 41.000 евра. Допрва ЌЕ дознаваме кои се, иако јавниот повик заврши пред безмалку месец дена.

Ќе се набават/инсталираат триесетина филтри во малите и средни претпријатија во Пологот кои преработуваат дрво и произведуваат мебел. Ова треба да се филтри изработени од компанијата избрана во О2 предизвикот на Фондот за иновации, но колку ќе чинат, дали 41.000 евра, не е наведено. Не е назначено ни на кој начин овие компании ЌЕ ги исплаќаат филтрите.

Филтрите се наменети само за Полошкиот регион, што значи дека големиот загадувач во Пехчево, ДИК Фагус, ако до сега не си поставил филтер, ЌЕ продолжи да испушта црнила и понатаму и труе сè наоколу.

Покрај долгата низа на ЌЕ активности од Програмата за 2019, поразително е што Макрадули изјавува дека ова е прва зима каде што борбата со аерозагадувањето започнала летово. Борбата против аерозагадувањето требаше да започне со првиот ден од формирањето на оваа Влада и да не престане. Ваква изјава, при крај на мандатот, само ја дава вистинската слика за тоа како оваа Влада (не) се справува со аерозагадувањето…

За крај, само да го потсетиме Макрадули дека на пресот во ноември минатата година, кога го презентираше Планот за чист воздух, кажа дека ЌЕ се набават комплетно нови инструменти за сите постоечки 18 мерни станици во 2019 година. Еве сме на крај од септември 2019 и нема податоци од 19 инструменти од 13 станици, за поставување на нови и не станува збор.

Тој задоволен изјавува дека овој план за 2019 го исполниле. За него исполнување е ЌЕ, измените на Програмата за 2019 три месеци пред крај, неисполнетите редица активности од Планот за чист воздух, нереализираните донации од донаторската конференција, немањето забрана за користење на јаглен, немањето закон за индустриски емисии, немањето потребни контроли на загадувачите, неисправните мерни инструменти, немањето јавен превоз кој нема да загадува, дивите населби и горењето кабли секојдневно, палењето отпад насекаде, на ниви, диви и градски депонии, итн. 

2019 измина и продолжува со ЌЕ, додека жртвите и болните како последица од  аерозагадувањето и натаму се зголемуваат со секој нов ден“, се вели во реакцијата на О2 иницијатива. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ