• Latest

„О2 Коалиција за чист воздух“ повикува на спонтан собир за чист воздух

April 21, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„О2 Коалиција за чист воздух“ повикува на спонтан собир за чист воздух

April 21, 2017 14:26
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Денот на планетата Земја (22 април), граѓанската иницијатива „О2 Коалиција за чист воздух“, утре ги повикува граѓаните на спонтан собир во борбата против загадениот воздух. Почетокот на собирот е најавен за 12 часот, пред „Школка“ во Градскиот парк во Скопје.

„Загадениот воздух нè засега сите. Затоа, ‘О2 Коалиција’ ве охрабрува да се приклучите кон иницијативата и заеднички да се избориме да го добиеме тоа што ни е загарантирано со Уставот, а тоа е – здрава и чиста животна средина. Земете ги со вас и дечињата и милениците, зашто сите ние подеднакво сакаме да бидеме здрави и среќни“, стои во повикот.

Иницијаторите најавуваат дека на собирот ќе се зборува за граѓанскиот активизам, за последиците од загадениот воздух, предвидено е детско катче за најмладите, а ќе биде спроведена и заедничка акција за чистење на Паркот.

„Во Македонија веќе одамна не се посветува речиси никакво внимание на животната средина. Според последните податоци, најголем еколошки стресор/хазард во Скопје е аерозагадувањето. Тоа, иако има јасни сезонски варијации, дополнително се влошува во услови на климатски промени. При процена на оптовареноста со заболувања, предизвикани од високи концентрации на PM2,5, според пресметките на Институтот за јавно здравје, во услови на просечни годишни концентрации од 48,4 μg/m3 PM2,5 во 2012 година се изгубени 4.174 години живот кај граѓаните на Скопје (82/10.000 жители), како резултат на смртност од рак на белите дробови“, додаваат иницијаторите, цитирајќи ја „Стратегијата за климатски промени на Градот Скопје“.

Како што информираат организаторите, собирот е поддржан и од Здружението за заштита на животни и животна средина „Е.Д.Е.Н.“ и Првата детска амбасада „Меѓаши“.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Градски паркДен на планетата ЗемјаО2 Коалиција за чист воздухспонтан собир
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result