• Latest

О2 Коалицијата со барања до Заев за зголемена заштита на животната средина

December 11, 2017
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
Михаил Звинчук

Црна Гора: Приведен Звинчук, шефот на руската пропагандна мрежа „Рибар“

October 9, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција: Образовната криза ги продлабочува судирите меѓу средношколците и власта

October 9, 2026

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
фото: ВИ

Државата повторно се задолжи за 150 милиони евра – сметката ќе ја плаќаат граѓаните

October 9, 2026
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

О2 Коалицијата со барања до Заев за зголемена заштита на животната средина

December 11, 2017 13:32
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
На прес-конференција Граѓанската иницијатива „О2 Kоалиција за чист воздух“ заедно со граѓански здруженија и иницијативи, активисти од цела Македонија изјавија дека вечерва во 18:30 ќе поднесат барање до г. Зоран Заев, Претседател на Владата на Македонија, за редистрибуција на буџетските средства кон зголемена заштита на животната средина, намалување на загадувањето и запирање на рудниците, со обезбедување на средства не помалку од 2.5% за Заштита на животната средина од вкупните расходи за 2018.

„Ако барањата не бидат прифатени, ние како граѓани, ќе преземеме правни чекори и ќе поведеме постапки против Република Македонија за кршење на ратификуваните конвенции, Устав, човекови права и права на детето“, велат од О2 Коалицијата.

Во барањето до Зоран Заев се вели дека доколку не се остварат нивните барања освен што ќе се превземат сите правни чекори на располагање за покренување на постапки против Република Македонија, исто така, ќе го известат ОХЦХР, Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на Обединетите Нации, ќе поднесат жалби до Комитетот за правата на детето при Обединетите Нации и Комитетот на Обединетите Нации за човекови права, а ќе се обратат и до Специјалниот известувач за импликациите по човековите права на еколошки здравото управување и депонирањето на опасните супстанции и отпадот, при Советот за човекови права на Обединетите Нации, како и до Специјалниот известувач за човековите права и животната средина, при Советот за човекови права на Обединетите Нации, за утврдување на кршењето на човековите права и животната средина во случајот со рудниците Иловица и Казандол, РЕК Битола, УНЕСКО заштитениот Охрид со Охридското езеро, отворената депонија на згура на Топлиницата во Велес…
 
„Веќе се знае колку, каде, што и како е загадено. Доколку вие сте некој што има обврска да преземе некаков чекор, а тоа не го правите, вие учестувавете во таканаречениот еко геноцид. Сметам дека проблемот со загадувањето во целата држава станува нешто што може да го наречеме елементрана непогода. Доколку во оваа состојба оној кој е најповикан не преземе ништо, нам не ни останува ништо повеќе, освен по вечерашната средба со Зоран Заев да преминеме кон последниот чекор, барање и тропање на меѓународните врати“, изјави Душко Груевски.
 
Потписници на барањето се Меѓаши,  Еколошка Групација Грин Пауер од Велес, Движење Еко Герила, Тетово, Здружение на граѓани Спас за Нас од Гевгелија, Здружение за развој, едукација и еколошка етика Полимат 13, Богданци, Здружение Еко Правда, Валандово, Еколошко здружение Здрава Котлина од Струмица, Еколошко Здружение Еко Долина, Ново Село, Граѓанска иницијатива „Стружани за Струга”, Граѓанска иницијатива „Охрид ЅОЅ”, Граѓанска иницијатива „Куманово бара чист воздух“ и граѓанските активисти од Битола Илија Балтовски и Душко Груевски.
Share11TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ