• Latest
Проф. Мирјана Најчевска

Обезглавена дипломатија или обезглавена држава

January 27, 2021
Фотомонтажа: ХИМАРС фото Д. Мишев.Гутков фото: Killed in Ukraine/X

Русија потврди: Заменик-командантот на руската морнарица убиен во украински напад во Курск

July 3, 2025
Фото: ВИ

24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на FoxNews објавено од Антон Герашченко на Х

Марк Руте: Лавров е министер за надворешни работи на Русија од времето на Исус, ништо корисно не излезе од неговата уста оттогаш

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Хамас задоволен од гаранцијата на САД за разговори за прекин на војната во Газа, примирјето на повидок

July 3, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Посмртните останки на седум жртви од геноцидот ќе бидат погребани во Меморијалниот центар за Сребреница во Поточари

July 3, 2025

Се отстранува „македонски идентитет и јазик“ во извештајот на ЕП за Северна Македонија, за Мицкоски тоа е „талибански начин“, за СДСМ премиерот е крив

July 3, 2025
Илустрација ВИ

Локални избори 2025: СДСМ без Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ сигурни во победата, ЗНАМ сигурни во поддршката од ВМРО

July 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

July 3, 2025
фото: Цивил

Поради ниските плати луѓето земаат боледувања за да работат и друга работа

July 3, 2025

Косовското собрание не успеа да се конституира по 41-ви пат, граѓанското општество протестира, некои донесоа магариња

July 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Обезглавена дипломатија или обезглавена држава

January 27, 2021 08:08
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. Мирјана Најчевска

Проф. Мирјана Најчевска

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Демократската држава во која владее правото не се разнишува така лесно, од една или две погрешни одлуки дури и на претставници на највисоката – законодавната власт.

Не може да биде опасно за државата постоењето на еден или двајца, па и 10 Милошоски. Она што е најпогубно за демократската држава во која владее правото е отсуството на системот, на структурата која обезбедува контрола, превенирање или изолирање на ваквите случаи.

Законите и процедурите овозможуваат да се спречи негативното влијание кое може да го има еден или неколку луѓе во власта.

Во примерот со блокадата на работата на Комисијата за надворешна политика која Милошоски ја откри како начин за саботирање на државата и изложување на потсмев (не само на актуелната власт туку на целата држава) постојат неколку нивоа на делување кои може ова да го спречат.

Законодавецот ја предвидел можноста да се појави некој Милошоски кој ќе ја опструира работата на државните органи и ќе сака да ја злоупотреби службената должност. Заради тоа во членот 120 од Деловникот на Собранието стои: „Ако претседателот на работното тело не свика седница кога е должен тоа да го стори, седницата ја свикува претседателот на Собранието“. Многу едноставно и многу регуларно.

Тогаш кога Талат Џафери како претседател на Собранието не ја искористи/л оваа можност тој станува соучесник во злоупотребата на должноста, во саботажата и во изложувањето на потсмев на државата. И за тоа треба да одговара доколку сакаме одговорноста да ја претвориме од мантра против уроци во реалност која ја препознаваат и граѓаните и функционерите во власта.

И тука не завршува можноста за реакција. Правото секогаш предвидува повеќе заштитни процедури и механизми.

Во конкретниот случај министерот за надворешни работи Бујар Османи може/л да реагира на прекршувањето на членовите 39 и 40 од Законот за надворешни работи со тоа што ќе го извести за ситуацијата претседателот на државата (како орган задолжен за потпишување на конечните укази со кои се упатуваат амбасадорите) и да посочи на можниот излез од ситуацијата (кој е содржан во самиот закон). Бидејќи министерот не ги презел процедурите кои му стојат на располагање тој исто така станал соучесник во сторените кривични дела.

Одговорноста е реалност во демократската држава во која владее правото. Таа има смисла и значење. Таа обезбедува интересите на граѓаните и на државата во целина да бидат заштитени од оние кои ги прекршуваат законите и оние кои го дозволуваат прекршувањето на законите.

Системот може да биде загрозен, но не и разрушен со погрешното делување на еден човек.

Кога ќе ја научиме таа лекција ниту дипломатијата ниту државата нема да ни бидат обезглавени.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторката.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ