• Latest
Проф. Мирјана Најчевска

Обезглавена дипломатија

January 24, 2021
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Обезглавена дипломатија

Како најодговорен за актуелната ситуација на дипломатската мрежа на Македонија може да се посочи пратеникот Антонијо МИЛОШОСКИ кој, во својство на Претседател на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Северна Македонија, успева веќе подолг период директно да ја осакатува надворешната политика на државата.

January 24, 2021 09:47
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. Мирјана Најчевска

Проф. Мирјана Најчевска

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Одговорноста не е мантра која што се изговара пред секои избори за заштита од уроци. Не е ниту празен ритуал кој се изведува без никаква врска со реалноста.

Одговорноста е суштински елемент на демократијата. Не може да стане збор за демократска држава во која владее правото без одговорност на тие кои се на власт.

Одговорноста произлегува од правата, по својата големина соодветствува на правата и е поврзана со големината на штетата која може некој да ја нанесе на граѓаните и на државата со своето неодговорно однесување.

Овој сооднос мора да биде запазен во казнената политика и мора да биде разбран (како од носителите на функции, така и од страна на граѓаните кои не смеат да се помират со неодговорното однесување на оние кои имаат моќ да одлучуваат во нивно име).

Проблемот на неодговорното однесување на функционерите е во голема мера поврзан со комплексноста на последиците кои произлегуваат од истото. Многу често граѓаните немаат доволно информации, податоци и знаења за да може да ја перципираат причинско-последичната поврзаност меѓу неодговорното однесување на еден функционер и случувањата во државата, ниту пак да ја претпостават ширината на последиците кои се одразуваат директно врз нив и нивното живеење и благосостојба.

Еден од сегментите на власта каде што граѓаните најтешко можат да ја согледаат оваа причинско-последична поврзаност е надворешната политика. Она што се појавува како актуелна ситуација, како реалност со која се соочува државата е многу често резултат на низа од погрешни постапки на функционерите, низа од неодговорни активности кои проаѓаат незабележано и без никакви санкции.

Обезбедувањето на местото и угледот на државата во меѓународната заедница, нејзиното присуство на меѓународната сцена, искористувањето на сите алатки кои и стојат на располагање за претставување на потребите и интересите на државата и нивна заштита, како и обезбедувањето најдобра можна преговарачка позиција во билатералните преговори претставуваат континуирани процеси.

Континуитетот на вие процеси не смее да биде прекинат и не смее да се појави празнина во која другите држави можат непречено и без да бидат предизвикани да пласираат податоци и информации кои се штетни за државата.

Една од најважните алатки во меѓународното делување и обезбедувањето на овој континуитет е мрежата од дипломатски претставништва во конкретни држави и меѓународни организации.

Во моментов Македонија води меѓународни битки на повеќе фронтови. И во еден таков момент Македонија има веќе подолг период осакатена дипломатска мрежа која создава само привид на дипломатско присуство.

Заради неодговорноста на функционерите.

Како најодговорен за актуелната ситуација на дипломатската мрежа на Македонија може да се посочи пратеникот Антонијо МИЛОШОСКИ кој, во својство на Претседател на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Северна Македонија, успева веќе подолг период директно да ја осакатува надворешната политика на државата.

Со делување кое е навидум во рамките на правото (како претседавач на Комисијата за надворешна политика негово дискреционо право е закажувањето на седниците на оваа комисија) тој успеа да го одложи или запре процесот на именување амбасадори во дипломатските претставништва на Македонија и да ја доведе државата во подредена положба во однос на другите држави.

И за ова не сноси никаква одговорност.

Затоа што одговорноста како поим е избришана од политичката реалност во Македонија.

Во некоја друга држава, едно вакво постапување би било оценето, прво како САБОТАЖА. Имено, вака или онака, Македонија има уставно утврден однос  спрема меѓународните односи и следствено постулатите на сопствената надворешна политика. Изгледа дека Милошоски, инаку поранешен министер за надворешни работи, сосема свесно го попречува почитувањето на меѓународните обврски на нашата држава, оневозможувајќи комплетирање на дипломатската мрежа и тоа со највисоките, амбасадорски позиции.

Во некоја друга држава едно вакво постапување би било оценето како акт на повреда на угледот на државата. Имено, Милошоски мора да знае дека ја подложува на потсмев нашата држава (што и по нашиот Кривичен законик е кривичното дело). Неиспраќањето амбасадори, инаку реципрочна ОБВРСКА што произлегува од билатералните спогодби за воспоставување дипломатски односи, другата страна или ќе го толкува како негативна политичка порака или како неспособност да се исполни една така елементарна обврска во меѓународните, и посебно билатерални односи. Во вакви услови многу тешко е наоѓањето поддржувачи кога истите тие држави се потсмеваат со нашата елементарна неспособност да се справиме институционално и процедурално со еден единствен пратеник кој ја обезглавува дипломатската мрежа.

Решение за ваквата ситуација има.

И можност да се побара одговорност (дури и кривична).

И има структури кои тоа можат и треба да го направат, меѓутоа од само ним познати причини тоа не го прават.

А последиците од неодговорниот чин ги трпат граѓаните (независно од тоа дали ги препознаваат или не).

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторката.

Tags: дипломатска мрежаМилошоскинадворешна политикаодговорностсаботажа
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ