• Latest

Обид за физички напад врз градоначалникот на Лозово и кандидат на СДСМ, Мицкоски ќе ја „чистел“ Македонија од криминалци, Заев најави инвестициски план

October 4, 2021
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Обид за физички напад врз градоначалникот на Лозово и кандидат на СДСМ, Мицкоски ќе ја „чистел“ Македонија од криминалци, Заев најави инвестициски план

October 4, 2021 21:44
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

И вечерва лидерите на политичките партии беа „ѕвезди“ на митинзите за локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се истакна со пораката дека е за „чиста“ Македонија, но „исчистена од криминалци“. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев го најави Интервентниот план за инвестиции – кој е над осум милијарди евра.

ИЗБОРНИ ИНЦИДЕНТИ

Жител на светиниколското село Каратманово пред два дена сакал да го нападне градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, соопшти МВР.

„На 02.10.2021 околу 17.20 часот во ОВР Свети Николе А.В., градоначалник на општина Лозово, пријавил кривично дело „загрозување на сигурноста” во с.Каратманово, светниколско, од страна на С.С.(47) од ова село, кој во с. Каратманово тргнал кон него со метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во полицискиот билтен.

ПАРТИСКИ АКТИВНОСТИ

ЛДП – ДОМ

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје на граѓанското движење на центарот на ЛДП и ДОМ, Бени Шакири вечерва го отвори градскиот промотивен штаб.

„Доколку бидам избран ќе работам посветено и ќе бидам градоначалник на сите граѓани на Градот Скопје без разлика на нивната партиска, национална, верска и било која друга припадност“, порача Арбен Бени Шакири, кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Коалицијата „Одлучно за промени” на ДОМ и ЛДП на официјалното отворање на Градскиот штаб на Коалицијата.

ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на митингот во Радовиш порача дека големите одлуки зависат од народот, повикувајќи да излезат и да покажат дека се за иднина која заедно ќе ја создадат.

„Драги радовишани затоа излезете на овие избори и гласајте. Затоа што ако не излезете и не гласате, тогаш ќе мислат дека ја водат државата исправно и ќе продолжат ве злоупотребуваат вас и вашата добрина. Со молчење сите ние стануваме соучесници во нивниот грабеж на Македонија. Тие сакаат да останете дома, вие покажете жилавост и излезете да гласате. Големите одлуки зависат од народот. Ова се моменти да се биде гласен. Нашиот народ знаел да биде гласен многу пати во минатото“, потенцираше Мицкоски.

Тој рече дека Заев веќе се разделил со многу партнери од коалицијата, Либерално-демократската партија, ДОМ, БЕСА, делумно и со ДУИ.

„Јас би му подарил еден ваков календар, затоа што на него може да изброи веќе 52 месеци, веќе петта година е власт во Македонија, а од овде, во Радовиш, му порачувам дека уште малку му остана апсолутна власт, а време е да си замине, затоа што на нивните митинзи нема да слушнете ниту збор за изминативе 52 месеци, затоа што се што ветија излажаа“, рече Мицкоски.

СДСМ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев денеска на средбата со жителите на општина Демир Капија го најави Интервентниот план за инвестиции – кој е над осум милијарди евра.

„Инвеститорите ги носиме во секој град и секое населено место. За нас нема големи и мали општини, важни и неважни. Се определивме за политики на рамномерен регионален развој и тие ќе овозможат луѓето да се определуваат да живеат и работат во родното место, бидејки ќе имаат избор, ќе имаат шанса да работат“, рече Заев.

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев го почна својот говор на митингот на партијата во Кавадарци, обраќајки му се на актуелниот градоначалник на општината, Митко Јанчев.

Митко, крајот е на 17-ти октомври бе брат, што се нервираш, полека. Ќе дојде, еве го, вака. Рекле старите, ако сакаш да имаш добра недела, погрижи се понеделник да ти тргне работата на добро и еве сум понеделнички да ви го донесам најдоброто на вашата општина. Митко, најдоброто за Кавадарци е со Горан Тодоров, додаде Заев во својот говор.

НЕЗАВИСНА ЛИСТА „ПОИНАКУ“

Носителот на листата кандидати за членови на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска потпиша Меморандум за соработка со Здружението за заштита на животните и животната средина „Бибески“. И двете страни согласни дека иако во предизборната кампања акцентот е ставен на изградба на стационар за бездомни животни, борбата треба да се води на повеќе полиња.

ИЗБОРЕН РАПОРТ НА ЦИВИЛ

Селекција од најважните наоди и анализи од мониторингот на ЦИВИЛ, достапни за пошироката јавност, се емитуваат секој ден во 11:15 часот, во живо, на Јутуб каналот на организацијата.

Од ЦИВИЛ информираат дека поради огромниот број кандидати заинтересирани да бидат изборни набљудувачи за организацијата, рокот за испраќањето на одговорите се продолжи. Сите кандидати ќе бидат известени дали нивните апликации се прифатени или не најдоцна до среда, 6 октомври. Веднаш потоа ќе следат информации за тоа како и каде ќе се одржат обуките.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ