• Latest

Обид за создавање меѓуетнички тензии околу случајот со црквата Св. Петка во госитварско

September 10, 2024

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Обид за создавање меѓуетнички тензии околу случајот со црквата Св. Петка во госитварско

Во видео кое круежеше по социјалните мрежи, а и беше пренесено од многу медиуми, се гледаат багери и полицајци околу црква. Човекот кој го снима видеото тврди дека тој и уште неколку други ја чистеле и реновирале црквата, а дека полицијата добила насоки да обвинитиел да ги приведат сите присутни

September 10, 2024 16:28
in МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На социјалните мрежи денеска кружи видео снимено околу црквата Св. Петка во госитварското село Галате. Во видеото, кое беше пренесно од голем број македонски медиуми без дополнителен контекст, се гледа багер и полицајци околу црквата. Тој што го снима видеото тврди оти тој и други биле спречени во чистењето и реновирањето на црквата и дека полицајците „добиле насоки од обвинител“ да ги приведат сите.

Неколку часа по објавата на видеото, Јавното обвинителство соопшти дека „јавен обвинител нема издадено наредба за приведување или задржување на ниту едно лице“ во случајот. Станувало збор за пријава поднесена од општина Врапчиште за недозволено вршење градежни работи во непосредна близина на магистрален пат.

Од СВР Тетово, исто така, велат дека на 09.09.2024 г. полицајците излегле на терен по пријава од инспектор за урбанизам од општина Врапчиште. При увидот тие разговарале со граѓани кои што го чистеле црковниот двор и околината на самиот објект.

„Притоа не се одземени никакви предмети од затекнатите граѓани, ниту пак е извршено некакво приведување. За настанот е известен надлежен ОЈО“, велат од МВР.

Но, тоа не ги спречи медиумите да објавуваат непотврдени и манипулативни содржини кои можат да поттикнат меѓуетничка нетрпеливост. Медиумот Антропол во насловот пишува дека изгледало „Како да апсат терористи!“. Телма пренесе оти била „запрена изградба на црква во Галате со интервенција на полицијата“, иако воопшто не станува збор за изградба на црква.

Лидер го пренсе во целост текстот кој конзервативниот инфлуенсер „Боемот“ го напишал за ситуацијата на социјалната мрежа Инстаграм. Тој дава историски и географски контекст за црквата. Таа наводно била „многу оштетена“ во конфликтот во 2001 година. „Боемот“ потенцира дека сите села во близина се албански, освен Галате, кое е „македонско, целосно православно“. Тој пишува дека градоначалникот на Врапчиште Исен Шабани (за кого потенцира дека е „поставен“ од ДУИ) ги викнал полицијата и обвинителот за да ја спречи „изградбата на црквата“.

Тој исто така тврди дека имало и неколку Албанци кои помагале во реставрацијата на црквата бидејќи „религијата е над сè“.

Јавното обвинителство дополни дека работата на црквата е прекината. Полицијата најави дека по насоки на јавен обвинител, полициски екипи денес ќе извршеле увид на лице место со цел да утврдат каков е статусот на објектот и на работата околу црквата.

„Ќе се утврди како и дали во целиот настан воопшто има елементи на кривично дело“, велат од МВР.

Министерството за внатрешни работи најави дека ќе објави соопштение со детален опис на настнаите, како и за тоа кои мерки ги презеле.

извор: МЕТА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ