• Latest
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Објавени првите македонско-бугарски препораки, за Петровска целта е безбедни дома, одговорни во НАТО, руски криминалци осуетени во обид да се инфилтрираат во Кијив

August 15, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Објавени првите македонско-бугарски препораки, за Петровска целта е безбедни дома, одговорни во НАТО, руски криминалци осуетени во обид да се инфилтрираат во Кијив

August 15, 2022 15:45
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

МНР ги објави Препораките на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања

Министерството за надворешни работи денес, на својот вебсајт ги објави Препораките на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Препораките за заедничко одбележување на историски личности  од средниот век што ги свои Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања се однесуваат на  Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил.

ИЗЈАВА

Петровска: Го чествуваме јубилејот „30 години Армија“ со Армија која забрзано се модернизира и одбрана која силно се развива

„Во изминатите 30 години Армијата постигна многу. Денеска Армијата е наша национална гордост, дел од најмоќниот воено-политички сојуз – НАТО Алијансата. Тоа е Армија која забрзано се модернизира и тоа веќе станува видливо. Во среда на Воениот стадион, ќе бидат изложени првите 6 нови оклопни транспортери од американско производство кои неодамна пристигнаа и со кои значително се влијае на подобрувањето на борбената готовност на Армијата. До крајот на годината ќе биде испорачана нова пратка, од 27 вакви возила и понатаму следуваат испораките согласно договорот. Продолжуваме и со набавка на други системи кои ни се потребни, набавка на специјални возила за посебни намени, артилериски системи и муниција, против-воздушен одбранбен систем, а во наредниот период ќе започнеме и со обнова на нашата воздухопловна компонента… Нашата основна цел е: Безбедни дома, одговорни во НАТО! Изработивме Концепт МКД Одбрана 2030, кој се состои од три главни столбови и пет мисии. Ова ја покажува нашата одлучност да бидеме активна членка на Алијансата“, порача министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешниот брифинг со новинарите.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Секој во слободниот свет мора да направи се што е во нивна моќ и се што е можно, така што Русија и оние кои ја поддржуваат војната да платат уште поголема цена за рускиот државен терор, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно видео обраќање.

*

Руските окупатори убиле тројца цивили и повредиле уште 13 во регионот на Доњецк во изминатиот ден, 14 август, пренесува Укринформ.


„На 14 август Русите убија тројца цивили во регионот на Доњецк: во Бахмут, Соледар и Маринка. Уште тринаесет лица беа повредени“, објави на Телеграм Павло Кириленко, шеф на регионалната воена управа на Доњецк.

*

Украинските војници, кои беа однесени од Азовстал во руско заробеништво, легално ја бранеа земјата, затоа подготовката на таканаречените „Мариуполски кафези“ за лажно судење е официјално воено злосторство на Русија, напиша на Твитер Михаило Подољак, советник на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, пренесува Укринформ.

„Сите воени затвореници, а особено бранителите на „Азовстал“ се борци кои легално ја бранеа својата земја. Затоа, „Мариуполските кафези“ се официјално воено злосторство на Русија. Време е МКЦК и претседателот на МКЦК Питер Маурер да се сетат на нивната цел и да размислат за својата репутација“, напиша Подољак.

*

Во регионот Керсон, руските окупатори ја интензивираа употребата на авијација, продолжија со незаконски претреси и приведувања доцна во ноќта и го зголемија притисокот врз здравствените работници и наставниците, изјави членот на Регионалниот совет на Керсон, Серхи Клан на Фејсбук, јавува дописникот на Укринформ.

„Се чини дека следните две недели ќе бидат одлучувачки за ситуацијата во регионот Керсон. Така, окупаторите ја интензивирале употребата на авијација, продолжиле со незаконски претреси и приведувања доцна во ноќта, како и зголемен притисок врз локалните жители, имено здравствените работници и наставниците, принудувајќи ги да прифатат исплати на плати во [руски] рубли и им се заканувале со отпуштање или „разговори“, напиша Клан.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА Работната група при Министерството за правда деновиве ќе закаже состанок на кој ќе се дискутира за новиот Закон за здруженија и фондации велат од  Министерството за правда. Постоечкиот закон е донесен во 2016 година, а неговата примена во пракса покажа одредени слабости, оценуваат од Министерството.

ПОДДРШКА Покрај искоренување на корупцијата, во предлог-легислативата за помош и поддршка на земјите од Западен Блакан, што минатата недела ја претставија група американскји сенатори, се наведува и дека САД ги признаваат јазиците и ќе продолжат да го поддржуваат културното наследство во регионот.

ЗАШТИТА Кањонот Матка сè уште чека репрогласување како споменик на природата и вистинска заштита на реткостите кои можат да се најдат на овој локалитет. Министерството за животна средина во моментов работи на додефинирање на текстот на Нацрт-законот за прогласување на Кањонот Матка за споменик на природата, откако ги доби писмените забелешки од Градот Скопје, Општината Сарај и другите засегнати институции.

РЕАКЦИЈА Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство денеска преку соопштение реагира во врска со непостапувањето на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи (МЦСР) на Град Скопје во конкретен случај каде по пријава од страна на жртвата и после четири месеци, до ден денес, не се преземени никакви мерки на заштита.

ОБРАЗОВАНИЕ Согласно новата Концепција за основно образование, од септември учениците во прво, второ, четврто и петто одделение треба да учат по нови учебници. Наставните програми се готови, но учебниците ќе доцнат во првите месеци од учебната година.

РАНГ Објавено е новото Академското рангирање на универзитетите во светот, познато како Шангајска листа, а и на овогодишното рангирање на 1.000 високообразовни институции, нема македонски универзитети на листата.

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ