Фото: СДСМ
Фото: ВМРО-ДПМНЕ
Фото: Скриншот од видео на BBC News
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео
Фотографија: Wikimedia Commons

Обесен осуденик во КПУ Идризово

Командир на смена во затворот во Идризово вчера околу 14 часот пријавил дека И.М. (39) од Кичево, кој издржувал доживотна казна затвор, во просторијата во која бил сместен се обесил.

Осуденикот со возило на брза помош бил префрлен во Ургентен центар-Скопје, каде во 13.55 часот му била констатирана смрт.

„Македонија наследи ужасни затвори. Освен констатирање на морбидната реалност и броењето на жртвите на нечовечниот пенитенцијарен систем во земјата, мора да се поднесе и одговорност за овие трагични случаи. Не може директорите на Управата за извршување санкции и на затворите во кои умираат луѓе да останат недопрени. Не само што мораат да дадат одговори пред јавноста, тие мораат и да поднесат одговорност. Најмалку што можат да направат е да ги стават своите функции на располагање, односно да поднесат оставки“, изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Д. М.