fbpx
Украинскиот претседател Зеленски даде интервју за АФП на 17 мај 2024 (фото извор: Канцеларија на Претседателот на Украина)
Амбасадорката на Украина и тимот на Амбасадата со знамињата на Украина и Кримските Татари

Обесен осуденик во КПУ Идризово

Командир на смена во затворот во Идризово вчера околу 14 часот пријавил дека И.М. (39) од Кичево, кој издржувал доживотна казна затвор, во просторијата во која бил сместен се обесил.

Осуденикот со возило на брза помош бил префрлен во Ургентен центар-Скопје, каде во 13.55 часот му била констатирана смрт.

„Македонија наследи ужасни затвори. Освен констатирање на морбидната реалност и броењето на жртвите на нечовечниот пенитенцијарен систем во земјата, мора да се поднесе и одговорност за овие трагични случаи. Не може директорите на Управата за извршување санкции и на затворите во кои умираат луѓе да останат недопрени. Не само што мораат да дадат одговори пред јавноста, тие мораат и да поднесат одговорност. Најмалку што можат да направат е да ги стават своите функции на располагање, односно да поднесат оставки“, изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Д. М.

Print Friendly, PDF & Email

CIVIL MEDIA NEWSLETTER