• Latest
Војо Маневски

Обуки

December 14, 2022

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Обуки

December 14, 2022 15:46
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Вујко Сем се изнервирал поради резултатите од обуките на кои ги подложил нашите правосудци. Изненаден бил дека и покрај неговата инвестиција нема дивиденда од тоа и покрај толкуте обуки правораздавачите си терат по старо. Ти на мене, јас на тебе и сите среќни и весели. Како секој паметен инвеститор сега ќе прави ревизија на инвестираните средства и ќе извлекува заклучоци од таа анализа. Не верувам дека толку го изнервиравме поради парите, туку изгледа во сликата направена од нивните пазлиња(сложувалки) не ја отсликуваме вистинската боја. Овде замерки нема и тоа е според сите узанси на нивниот менталитет кога се работи за вложувањето средства во политички проекти.

Проблемот е во нашата слика која сакаме да ја прикажеме, а таа не е онаа вистинската. Се научивме дека од ветувања куќа не се растура, па кога му ја удривме на барање на разни грантови и „супорти“ небара тие се вистинската цел. Такви какви што сме тешко разбираме дека тие средства кои ги вложуваат се нивни и дека за нив ќе бараат и отчет и корист од нив.

И ете сега сме на раскрсница каде нашите двојни светови мора да се вкрстат, па кој преживее ќе преживее. Тие даваат пари, а ние одиме на разни обуки и работилници и сметаме дака со тоа сме ја исполниле нашата должност. Кој бил на такви дешавки знае за списоците со генералии и маил адреси кои се внесуваат. Обуките и темите си се во ред, не е во ред она што го правиме со таквите знаења што се обидуваат странците да ни ги испорачаат. Моите штипјани велат – ти ука му даваш, он ука не фаќа. Не дека не сме поинтелегентни од предавачите, туку таквите активности ги разбираме како шетање на туѓ трошок и разбивање на сивилото на секојдневните обврски на работното место. Ние сме конзервативна средина која и онака тешко прифаќа било каква промена и совет. Свиеме шија и си тераме како што си знаеме. Ете таму е нашето недоразбирање со странците кои се обидуваат да ни пренесат нивен систем на живеење каде сѐ се гледа низ исплатливоста на работењето. Кај нас прво се гледа леснотијата на работата, а после користа од неа.

Е сега почитувани семинарци и семинарки кој е најчестиот заклучок кога треба да објасниме што тоа научивме од обуките и работилниците? Убаво си поминавме, ако има можност и друг пат ќе дојдеме,ама ако НЕМА КОЈ ДА НЀ ИСПРАШУВА. Кога некој би не пропрашал што научивме, па од тоа да зависи дали ќе имаме втора шанса или да ги надоместиме средствата вложени во обуките, мнооогу посериозно ќе си ја сфатиме работата. Вака сметката за добиените средства ќе ги плаќа целата држава низ разни политички и економски рати и камати.

Затоа нема да е глуп предлогот во сите критериуми кои во закон се наведени за напредување на чиновниците од сите нивоа и институции да се воведе периодичен државен испит за достигнатиот степен на усовршување и имплементацијата на знаењето кое е стекнато низ дополнителни обуки и искуство. Таквите испити да се прават не само за напредување во службата, туку и за останување на истото работно место. Така ќе се најдат многу од нив во состојба да мора да ги потврдат наведените дипломи и знаења од приложените CV.

Циниците ќе забележат дека и во овој предлог проблемот е во оценувачите или по нашки, која тоа комисија ќе ги врши таквите испити кога сѐ кај нас е формирано врз критериуми на партиите и националната припадност. Од некаде мора да се почне и да се верува во нешто, зошто државата сепак не е кафанска дружба во која секој кажува што сака и пие што сака, а сметката  ќе ја плаќа некој друг што се чека да намине во кафеаната. Такви состојби во реалниот живот не постојат или ако ги има тие се само краткотрајни изблици на неодговорност за кои сметката сепак се плаќа само со двоен износ. Кога веќе за сѐ бараме помош од пријателите од надвор, тогаш да побараме од нив да испратат комисија која ќе врши проверка на обучените.

О знам дека според политичките теории за суверенитет тоа значи отстапување од него, ама да си се погледнеме во огледалото. Дали ние имаме суверенитет во вистинска смисла на зборот кога ги делиме законите со европско значење и оние што немаат таква ознака, тие се за домашна употреба и за нив не е важен квалитетот. Сме ја завршиле ли некоја од годините со позитивна сметка без голем трговски и буџетски дефицит. Колку од она што го произведеме е веќе заложено за кредитите што ги земале. Долга е редицата мои почитувани сограѓани, а за тоа сме си криви ние самите  кога со итроштини сакаме да се пробиваме низ животот, а не со реални знаења и труд.

Гласаме за некој што нам ни е близок, ставајќи го во списокот на надежите за кога ќе треба да помогне, а не ни е грижа дали тој знае и може, а уште помалку дали сака да учествува во водењето на политиката од која треба да има корист за сите. Кој признае половина му се простува вели нашиот народ, па така и ние мораме некаде да пресечеме со барањата за помош од странците. Подобро да нѐ научат да ловиме риби, отколку да ни фрлаат по некоја риба после секој добар улов. Наше е да фаќаме ука и да се потрудиме да бидеме добри ученици. Ако ни тоа не го можеме, а посебно сакаме, тогаш ни Вујко Сем, ниту чичко Том нема да можат да ни помогнат, колибата ќе се испразни.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ