• Latest
Фотографија: ВИ

Од автобуси и депонии до „црвени линии“: Зошто локалните избори се претвораат во геополитички театар?

September 27, 2025

Неидентификувани дронови надлетувале над најголемата воена база во Данска

September 27, 2025

Планот на Трамп за Појасот Газа содржи 21 точка

September 27, 2025
Фото: yenisafak.com/

Палестинската самоуправа ќе добие помош од 170 милиони долари

September 27, 2025

Надградбата на граничниот премин Евзони ќе ги намали гужвите, но воведувањето на ЕЕС системот може да го отежне функционирањето

September 27, 2025
Фото: НАТО

НАТО: Руското нарушување на воздушниот простор е опасна ескалација

September 27, 2025
Фотографија: Unsplash

Обединети нации: Нови санкции за Иран поради неуспешните преговори за нуклеарната програма

September 27, 2025

ЦИВИЛ е дел од настан за демократија и човекови права во Рим

September 27, 2025

Кијив Индепендент: Русија ѝ помага на Кина да се подготви за војна со Тајван

September 27, 2025
Фотографија: Кабинет на претседател

Сиљановска-Давкова на Форумот на светски лидери на Универзитетот Колумбија во Њујорк: Копенхашките критериуми и уставните измени немаат ништо заедничко

September 27, 2025
фото: ЦИВИЛ

Полициските униформи без двојазичност – уставна и политичка бомба

September 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Од автобуси и депонии до „црвени линии“: Зошто локалните избори се претвораат во геополитички театар?

September 27, 2025 13:24
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фотографија: ВИ

Фотографија: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

БИЉАНА ЈОРДАНОВСКА

Локалните избори во Северна Македонија, закажани за 19 октомври 2025 година, а во пресрет на официјалниот старт на изборната кампања, очигледно ќе го држат отворено прашањето колку навистина зборуваме за локални проблеми, а колку политичките партии ги претвораат овие избори во уште една национална битка?

Иако изборите формално се однесуваат на иднината на општините, јавните услуги и секојдневието на граѓаните, трендовите покажуваат дека наративите често се поместуваат кон големи, национални теми – идентитет, геополитика, меѓуетнички односи и „големи политики“ што ја засенуваат локалната агенда.

Локални проблеми што ги чувствуваат граѓаните

Во Скопје и други градови, најчести забелешки од граѓаните се врзани за:

  • (Не)собирањето на ѓубрето и управувањето со депониите;

  • Јавниот превоз – достапност, редовност и состојба на автобусите на ЈСП;

  • Урбанистички хаос и дивоградби што го менуваат изгледот на маалата и предизвикуваат инфраструктурни проблеми;

  • Локални инфраструктурни проекти – улици, канализација, осветлување, зелени површини.

Овие теми се далеку поблиски до секојдневието на граѓаните и од нив директно зависи квалитетот на живот во општините. Но, нивната видливост во јавниот дискурс често се губи во сенката на големите национални приказни или пак, намерно се искористуваат за водење партиски битки на национално ниво.

Национални наративи што ја засенуваат локалната агенда

Истовремено, предизборнето завршува со теми кои имаат малку или никаква врска со надлежностите на локалната власт:

  • Национални стравови – федерализација, распарчување на државата, загрозување на идентитетот;

  • Геополитички приказни – односот кон ЕУ, САД или регионалните соседи;

  • Партиска борба за „легитимитет“ и превласт на национално ниво

Овие наративи се користат за мобилизација на гласачи преку емоции, но ја оставаат во втор план суштината на локалните избори: кој и како ќе обезбеди чисти улици, функционален превоз и уредени маала.

Што се добива како резултат?

  • Локалните избори во која гласачите не гледаат решение за нивните конкретни проблеми.
  • Наместо планови за комунални услуги и инфраструктура, слушаме за „големите прашања“ што немаат директна врска со општините.
  • Националната реторика често како средство за политичка мобилизација, наместо како можност за отворен разговор за локални решенија.

1. Национални резолуции во очи на локалните избори

Еден пример како се дефокусира јавноста се резолуциите што треба да го дефинираат патот по кој ќе оди државата. Пат кон ЕУ или истиот тој пат со фокус на „националните интереси“ дефинирани низ националистички наративи?

СДСМ ја претстави својата резолуција –  македонските црвените линии – за дефинирање на заедничките државни и национални позиции за продолжување на процесот на зачленување на Република Северна Македонија во Европската Унија.

ВМРО-ДПМНЕ, преку изјавата на Христијан Мицкоски, ја најави „македонската резолуција“, кој во суштина ќе има делови што ќе бидат спротивно дијаметрални од онаа на СДСМ, ама и ќе исправа и „фалсификати“.

А во Собранието по локланите избори, како што најавија и двата табора, ќе се кршат копја за она што веќе е познато во резолуцијата на СДСМ, а допрва треба да се види како ќе се дефинира во онаа на ВМРО:

Билатералните прашања поврзани со билатералните договори за добрососедските односи кои не се директно поврзани со правото на Европската Унија и со Копенхашките критериуми за членство да не бидат одредници од кои ќе зависи отворањето и затворањето на поглавјата и кластерите во текот на пристапните преговори со Европската Унија.

Или на помалку од недела дена од изборна кампања се отвора крупно национално прашање кое нема врска со локалните политики.

2. Пожарот во Трубарево – дел од хибридни напади од странски центри на моќ

Пожарот во депонијата за електронски отпад во Трубарево, скопско, предизвика не само енормно загадување на воздухот туку ги стави во ризик и жителите на Трубарево кои во последните денови се под здравтвен скрининг со цел навремено откривање на евентуални симптоми на дишните патишта.

По ставање под контрола на пожарот во Трубарево, кој се појави непосредно по оние во депониите Дрисла и Варадариште, првиот човек на Центарот за управување со кризи, Сотјанче Ангелов изјави дека пожарите се дело на хибридни напади. Иако министерот за внатрешни работи Панче Тошковски не отиде толку далеку да обвинува странски центри на моќ кои „очигледно сакаат да ја пеплосаат Македонија“(забелешка на авторот), сепак се повика на виша сила во своето убедување дека се работи за подметнати пожари: „ Господ не може да ме убеди дека ова е случајност“, изјави Тошковски. 

Но, хибридните напади чија цел им се депониите, за премиерот Христијан Мицкоски се хибриден напад против неговата влада, оркестрирани од странски центри на моќ, без да посочи од каде точно тие доаѓаат. СДСМ пак побараа Мицкоски да одговара за ширење старв и паника.

Но, што е она што жителите на Трубарево(Општина Гази Баба), Аеродром (каде протестираа кога се запали депонијата Вардариште, граѓаните на Скопје – Дрисла е одалечена 14 километри од центарот на градот) ги засега повеќе отколку тврдењето дека се работи за хибридни напади и тоа токму на премиерот и неговата Влада?

Кој ќе го реши проблемот со депониите? Дали ќе се најде системско решение? Дали конечно ќе има регионални центри за селектриање и рециклирање на отпад? Дали ќе се обезбедат услови граѓаните да живеат во чисти , зелени и безбедни за здравјето општини? И тоа треба да го одговорат од 29 септември, во нивните програми, кандидатите за градоначлници, а отчет и одговорност да понесат оние на кои им завршува мандатот.

Но, пожарите, чие справување е одговорност на државата, е полесно да се класифицираат како хибридни напади или да се обвинат скакулците, отколку сегашните или оние што претендираат да бидат идни локални лидери да излезат со/пред граѓаните и да понудат решение.

3. Да си ја вратиме државата или да ги сочуваме општините?

Можеби лидерот на Единствена Македонија се води по логиката – општина по општина и ете ти држава – , но многу поверојатно е дека за локални избори води кампања која е врзана за проруската агенда што е одлика на партијата.

Па така со четирите кандидати за градоначалници во Виница, Лозово, Кочани и Град Скопје партијата здружено под слоганот „Да си ја вратиме државата“ ќе го чисти сметот од улиците, ќе ја обезбеди безбедни општини, јавен превоз, инфраструктурни решенија, урбанистички планови… со поддршка на кандидат за Град Скопје (кој се декларира како независен, ама поддржан од ВМРО-ДПМНЕ) кој сè што ќе прави ќе биде во интерес на збратимувањето на Русија и Северна Македонија, преку релација Скопје-Москва.

Дали постои можност да се вратат локалните теми во фокусот? 

Локалните избори 2025 се можност за граѓаните да го сменат квалитетот на секојдневието во своите општини. Но, за тоа да се случи, потребно е локалните наративи – како што се собирањето на ѓубрето, јавниот превоз и урбанистичкиот ред – да ја добијат вистинската тежина во предизборната дебата.

Начинот на кој националните теми ја засенуваат локалната агенда ги става во ризик локалните избори повторно да станат само уште една генерална проба за партиските битки на национално ниво.


ЦИВИЛ МЕДИА


Локалните избори 2025, политички наративи, злоуотреби и ризик од дезинформации: Што треба да знаеме?

Разликата меѓу национални и локални наративи – Што е што во изборен контекст

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија може да ги затвори преговорите за ЕУ до крајот на 2027; Тачи не носел одлуки во ОВК

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Војвотката од Јорк, Сара Фергусон отстранета од три добротворни организации поради е-пошта во која го нарекува Епштајн нејзин „врховен пријател“

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Две години од нападот во Бањска, терористите сè уште на слобода; Разрешен градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај; Рама ги повика странците да инвестираат во Албанија пред зачленувањето во ЕУ

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Скопје – „Метропола“ на сметот!

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ