Комисијата за европски прашања на која требаше да почне амандманската расправа за Законот за употреба на јазиците, вчера беше откажана. Нема информации кога би се одржала и зошто буквално преку ноќ ја снема од веб-страницата на Собранието.
Вчера пред Собранието членовите на здружението „Македонски национален совет“ неколку часа поставија шатори и од таму си заминаа кога дознаа дека е повлечен законот за употреба на јазиците.
Претседателот на комисијата, Артан Груби, кој што е во работна посета во Брисел, пред неколку дена најави дека законот за употреба на јазиците ќе го соопшти на денот на албанската азбука, односно денеска. Меѓутоа Груби, вели дека ја одложил расправата затоа што неделава Собранието треба да се занимава за клучни реформски прашања.
Дали на ваквата одлука влијаеше предупредувањето на еврокомесарот Јоханес Хан, дека законот за јазици не е европски приоритет?
Останува дилемата, кој ги „исплаши“ пратениците да се откажат од амандманската расправа за Законот за употреба на јазиците, комесарот Хан, „камперите“ пред Собрание, најавата на денешниот протест на „Тврдокорните“, или…
Дехран Муратов