• Latest

Од Револуцијата на Достоинството до денес: значењето на подвигот на Небесната Сотња

February 20, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ИСТОРИЈА

Од Револуцијата на Достоинството до денес: значењето на подвигот на Небесната Сотња

February 20, 2026 14:18
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИСТОРИЈА, СТАВОВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Секоја година на 20 февруари во Украина се одбележува Денот на Хероите на Небесната Сотња. На овој ден се оддава почит на граѓаните кои загинаа за време на Револуцијата на достоинството, бранејќи ги идеалите на демократијата, човековите права и слободи и европската иднина на Украина. Овој ден има за цел да ја овековечи човечката, граѓанската и националната храброст и самопожртвуваност, силата на духот и истрајноста на граѓаните, благодарение на кои е променет текот на историјата на нашата држава, и достојно да се одбележи подвигот на загинатите за идеалите на демократијата, правата и слободите на човекот и европската иднина на Украина.

Денот на Хероите на Небесната Сотња е ден на сеќавање и воедно ден на осознавање на значењето на граѓанската одговорност и подготвеноста да се бранат демократските вредности. Тоа е потсетник за цената на слободата, жртвата и храброста покажани за време на Револуцијата на Достоинството, како и за зачувувањето на споменот за оние што станаа симбол на борбата за достоинствен и слободен живот. Јасната граѓанска позиција и подготвеноста таа да се брани до крај се квалитетите што ги имаа Хероите на Небесната Сотња и кои се достојни за следење.

Настаните од зимата 2013–2014 година станаа пресвртна точка во современата историја на Украина. Масовните протести, кои започнаа како одговор на откажувањето од курсот кон европска интеграција, прераснаа во широко општествено движење за заштита на демократските права и слободи. Најтрагичните настани се случија во февруари 2014 година во центарот на Кијив. 20 февруари беше најтрагичниот ден од соочувањата, кога во централното градско подрачје на главниот град загина најголем број демонстранти — 48 мирни демонстранти беа убиени или смртно ранети, а уште 80 беа ранети од огнено оружје. Масовните стрелања на невооружени луѓе на Мајданот претставуваа пресврт во текот на Револуцијата на Достоинството и доведоа до брз пад на тогашниот режим на Јанукович.

Загинатите за време на протестите во зимата 2013–2014 година, заедно со активистите кои го загубија животот пролетта 2014 година бранејќи ги демократските вредности и територијалниот интегритет на Украина, беа наречени Херои на Небесната Сотња. Вкупно Небесната Сотња опфаќа 107 загинати учесници на Револуцијата на достоинството и активисти на Мајданот. Називот настанал по аналогија со структурните единици на Самоодбраната на Мајданот — „сотњи“ — и првпат беше изговорен за време на оддавањето последна почит на загинатите на Плоштадот на Независноста (Мајданот)  во февруари 2014 година. Подоцна стана симбол на жртвата, храброста и борбата на Украинците за слобода.

Трагичните настани од февруари 2014 година беа предуслов за понатамошни драматични промени: токму во тој период РФ започна агресија против Украина, анектирајќи го Крим и започнувајќи окупација на дел од териториите на истокот на државата.

Оттогаш борбата на Украина за независност и територијален интегритет продолжува. На 24 февруари 2022 година започна целосната вооружена руска инвазија врз Украина, која трае веќе четири години, носејќи им на Украинците смрт, тага и разурнување. Токму таква цена плаќа нашата држава за правото да биде субјект на светската мапа и да има сопствен суверенитет и државност. Едни од првите што решително застанаа во одбрана на европската иднина на нашата Татковина беа Хероите на Небесната Сотња.

Споменот на Хероите на Небесната Сотња се одбележува и во Украина и на меѓународно ниво. Во 2018 година Небесната Сотња симболично беше одликувана со наградата на Европското друштво „Куденхове-Калерги“ — признание што се доделува за придонес во зајакнувањето на мирот, демократијата и европското единство. За првпат во историјата наградата беше доделена не на поединец, туку на сите загинати учесници на Револуцијата на Достоинството кои го жртвуваа животот бранејќи ги граѓанските слободи и европските вредности.

Зачувувањето на сеќавањето за подвигот на Небесната Сотња има важно значење за формирањето на граѓанската свесност, консолидирањето на општеството и утврдувањето на демократските вредности. Тие станаа симбол на Светлината и победата над злото. Во современи услови на руската вооружена агресија нивниот подвиг, заедно со храброста на бранителите и бранителките кои секојдневно на фронтот го бранат нашето право да живееме во слободна и соборна Украина, ја храни и ја зацврстува нашата вера во Победата.

Мотото на одбележувањето на споменот на Хероите на Небесната Сотња ја нагласува нераскинливата врска меѓу настаните од Револуцијата на Достоинството и современата борба на Украина: „Небесната Сотња: Херои на првата победа во битката што трае“.

Амбасада на Украина

 


Фотографиите се обезбедени од Амбасада на Украина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ