• Latest

Одбележан Светскиот ден на крводарителството

June 21, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Одбележан Светскиот ден на крводарителството

June 21, 2021 13:19
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Црвениот крст по повод Светскиот ден на крводарителството се приклучи кон глобалната кампања за промоција на крводарителството под мотото „Дарувај крв и придонеси светот да продолжи да се движи“. Заедно со Институтот за трансфузиска медицина денеска им додели плакети на министерствата за здравство, за внатрешни работи и за одбрана во знак на благодарност за досегашната соработка, кои ги примија првите луѓе на овие институции министрите Венко Филипче, Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска Јанковска.

Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити истакна дека во светот годишно се собираат 118 милиони крвни единици и доколку пет отсто од вкупното светско население би дарувале крв, тогаш сигурно би биле обезбедени потребните количества во светски рамки.

– За жал ова не е секогаш и секаде така. Високо индустриските земји тоа го постигнуваат некако, но помалку развиените земји се уште не го постигнале. Ние како земја, за среќа наша, сето ова го постигнуваме и некаде нашите потреби од крв се програмираат на 55.000 крвни единици на годишно ниво, рече Саити.

Она што ние сега го постигнуваме датира од 1953 година кога Црвениот крст, Институтот за трансфузиона медицина и Министерството за здравство заедно работат на спроведување на програмата. Според Саити, во девеседетите години во земјата е постигнат максимумот на целите на концептот за максимум доброволно крводарување.

– Од 2010 до денес ги постигнуваме 55.000 програмирани крвни единици, кои значат целосно задоволување на потребите на здравствениот систем во државата, рече Саити нагласувајќи го позитивниот пример на припадниците на министерството за одбрана и за внатрешни работи, но и поддршката од Министерството за здравство.

Припадниците на Армијата, и покрај потешкотиите, учествувале во вкупната бројка на крводарување со околу 1800 до 1900 крвни единици, а не заостанува ни МВР.

– Сакаме да им оддадеме признание преку вас, да ги поздравиме сите тие луѓе преку вас кои го направија тој потег за пример минатата година, рече Саити, кој повика да се дарува крв и да придонесеме светот да се движи понатаму.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека во изминатата пандемиска година не биле загрозени ниту еден тип на интервенции благодарение на тоа што целокупната програма за крводарителство, која што се спроведува во рамките на МЗ, а во организација на Институтот трансфузиона медицина со помош на Црвениот крст. не запре.

– Динамиката беше еднаква – близу 800 акции во 17 места во државата, дозволи да се земат 55.000 единици крв, тромбоцитна маса и она што беше многу актуелно што спаси многу животи, ковалесцентната плазма, типична за еден дел во лекувањето на пациентите со Ковид -19. Ние ја унапредуваме програмата на Министерството во континуитет. Минатата година таа беше зголемена за близу 20 проценти со истата динамика ќе продолжиме и понатаму заради тоа што Црвениот крст навистина го заслужува. Црвениот крст е еден од најсериозните партнери и најдобри партнери којшто ги имаме во текот на менаџирањето на оваа криза, како и во делот на крводарителството, така и во делот на волонтерските акции, поддржување на нашиот систем во ковид-центрите и посебно сега во процесот на спроведување на имунизација во сите пунктови ширум земјата, рече Филипче.

Директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Венко Стомнароски истакна дека минатата година била многу тешка, но оти се надминале сите предизвици.

– Поминавме една многу тешка година. Институтот за трансфузиона медицина беше ставен на многу голема одговорност. Се спремивме силно за да одговориме на предизвиците за да не бидеме критикувани од јавноста за да паднеме во искушение народот и нацијата да не остане без крв.  Се соочивме со тоа, но тоа треба да ни биде еден добар пример понатаму низ годините да бидеме спремни за секакви катастрофи, рече тој.

Министерката за одбрана Шекеринска Јанковска заблагодарувајќи се благодарницата од името на сите припадници на Армијата и МО, им честиташе на претставниците на Црвениот крст за тешката работа што ја завршија оваа година. Спасовски, пак, ги повика сите граѓани да даруваат крв затоа што на тој начин спасуваат живот.

На настанот имаше вклучување во живо во дневниот центар за дарување крв на Град Скопје и во Институт за трансфузиона медицина, каде крв даруваа припадници на Армијата и на МВР.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ