• Latest

Одбележување на Денот на Независноста на Украина денес во Скопје

August 24, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Одбележување на Денот на Независноста на Украина денес во Скопје

August 24, 2022 09:04
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Скопје, на главниот скопски плоштад „Македонија“, Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија и Здружението на Украинци во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ организираат одбележување на Денот на Независноста на Украина.   

Официјален почеток на програмата е во 13:40 со изведба на националната химна на Украина со што ќе се постави светски рекорд за изведување на Националната химна истовремено во 50 земји во светот и формирање на жив синџир во рамки на глобалната иницијатива «The free world gathering».

По ова ќе бидат одржат неколку говори, почнувајќи од дипломатскиот претставник на Украина во нашата земја, Роман Буга, како и претседателот на здружението „Лесја Украинка“, Олександр Урбанович.

Денот на независноста на Украина оваа година нема да биде одбележан само во Украина. Целиот демократски свет ќе го одбележи овој датум. Илјадници организации, институции и активисти од целиот свет веќе објавија програма со активности со кои ќе го одбележат Денот на независноста на Украина, на кои ќе упатат пораки на поддршка на херојскиот отпор на Украинките и Украинците против руската брутална агресија.

Денот на независноста на Украина (украински: День незалежності України) е најголемиот државен празник во модерна Украина. Тој се слави на 24 август со што се одбележува Декларацијата за независност од 1991 година.

Во периодот кога Украина сè уште беше во состав на Советскиот Сојуз, украинската дијаспора традиционално го одбележуваше 22 јануари, по повод Декларацијата за независност на Украинската Народна Република во 1918 година.

Независноста на модерна Украина за првпат беше прославена на 16 јули 1991 година на првата годишнина од Декларацијата за државен суверенитет на Украина донесена од Врховната Рада (Украинскиот парламент) во 1990 година. Декларацијата за независност беше издадена на 24 август 1991 година, а потоа и потврдена со референдумот од 1 декември 1991 година. Оттогаш, Украина го слави 24 август како Ден на независноста.

Оваа година, независноста на Украина се одбележува во воени услови, под закана од жесток напад на руските сили, како што предупреди и претседателот Володимир Зеленски во своето редовно вечерно обраќање до светската јавност на 20 август. Одбележувањето на Украинската Независност започна на 20 август со оригинална и духовита, но и длабоко трогателна, парада на руското вооружување, заробено или уништено, на улиците во центарот на Кијив.

М.Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ