• Latest

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Од јавниот собир за Кочани во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Утре протест во Скопје: Шест месеци од трагедијата во Кочани

September 15, 2025
Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

September 15, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ДЕМОКРАТИЈА

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

Сега не е време за ривалство и поделби, туку момент за соработка, соидарност и обединување на напорите за заштита на демократијата. Политичките и општествените актери мора итно да работат заедно, да создаваат меѓуполитички сојузи и да усвојуваат координирани стратегии за заштита на демократските институции.

May 8, 2025 14:55
in ДЕМОКРАТИЈА, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Препораки и политики (Прв дел)

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“ и тимовите на партнерските организации кои ја спроведоа иницијативата ги претставуваат овие препораки врз основа на водечките премиси кои вклучуваат:

  • Обнова на политичката култура за јасно да се покаже посветеност на демократските вредности низ политичките поделби.
  • Зајакнување на демократските институции преку транспарентност, отчетност и – пред сé – флексибилни модели на граѓанска контрола и граѓански ангажман.
  • Спротивставување на авторитарните и крајно десничарските тенденции, националистичкиот радикализам и екстремизмот преку стратешко креирање политики, граѓански ангажман, меѓународна соработка и проактивни медиуми и едукативни иницијативи. 
  • Зајакнување и заштита на независните медиуми и граѓанското општество во нивните напори за борба против дезинформациите, хибридните закани и нападите врз демократијата и човековите права.  
  • Обнова и зајакнување на меѓународните сојузи за поттикнување соработка и отпорност во одбраната на демократските вредности. 
  • Развивање и застапување на стратегии за решително запирање на агресивната војна на Русија против Украина, обезбедување траен и праведен мир и спречување понатамошна империјалистичка експанзија и агресија.
  • Развивање и застапување на стратегии за ставање крај на конфликтите во други погодени региони, како што се Блискиот Исток, Африка и пошироко, преку дипломатски напори, правни рамки, меѓународна солидарност и опиплива поддршка.  

Градење меѓуполитички и општествени сојузи: Усвојување координирани стратегии за спротивставување на авторитаризмот и зајакнување на демократските институции 

Контекст

Подемот на авторитаризмот, радикалниот национализам и подбуцнувањето на војни не само што влијаеше на функционирањето на демократските институции, туку и ги обликуваше перцепциите, ставовите и очекувањата на луѓето за демократијата. Напливот на пропагандата претставува радикална верзија на реалноста и поедноставена верзија на „другиот“, што го прави да изгледа невозможно решавањето на конфликти преку демократска и правна рамка. 

И покрај овие предизвици, луѓето од различни политички и културни средини често споделуваат заеднички цели – како што се поддршка за пазарните економии, мобилноста, безбедноста и значително, европската инеграција. Во земјите аспиранти за ЕУ, и покрај неуспесите, мнозинството граѓани сé уште го одобруваат процесот на европска интеграција. 

Ова претставува можност за обновување на довербата во демократските вредности и институции, во и надвор од ЕУ, преку поттикнување на значајни размени и програми за соработка. Овие би можеле да вклучуваат заеднички иницијативи за политики фокусирани на зајакнување на демократските институции, прекугранични дијалози за решавање на споделени политички предизвици и заеднички напори – на регионално ниво и пошироко – во области како медиумската писменост, демкратската едукација и граѓанското учество, вклучително заеднички активности за јавно застапување за заштита на демократијата и човековите права, регионални конференции, работилници, програми за обука и дигитални кампањи насочени кон негување на слободата на говорот, истовремено спротивставувајќи се на дезинформациите, говорот на омраза и непријателските пропагандни операции. Овие активности и програми, иако започнуваат во Европа, може да послужат како позитивен пример и на глобално ниво.

Препораки

За справување со хибридните закани, демократските општества и нивните одговорни политички структури и демократски институции мора да ја подобрат нивната способност да ги идентификуваат и да реагираат на ранливностите, од мешање во изборите до дезинформациите. 

Ова бара конкретни активности, вклучително законодавни мерки и целна техничка и финансиска поддршка. Зајакнувањето на рамките за изборен интегритет, зајакнувањето на граѓанските организации (ГО) и медиумите за спроведување мониторинг системи кои детектираат и откриваат дезинформации и операции за малигни влијанија како и поддршката на локалните граѓани за набљудување на изборите преку финансиска и институционална поддршка претставуваат суштински чекори. 

Развивањето на заеднички капмањи против пропагандите од страна на независните медиуми и граѓанското општество може да помогне во борбата против дезинформациите и зајакнувањето на демократската отпорност.

Продемократските движења, граѓанските иницијативи, независните медиуми и умерените низ политичкиот спектар мора да усвојат координирани стратегии за да се спротивстават на авторитаризмот и да ги заштитат фундаменталните права. Ова треба да го вклучи создавањето на меѓупартиски работни групи за дејствување, заеднички платформи за застапување и меѓународни партнерства насочени кон одбрана на демократските вредности. 

Сега не е време за ривалство и поделби, туку момент за соработка, солидарност и обединување на напорите за заштита на демократијата. 

Конкретни чекори, мерки и активности

  1. Законодавни и мерки на политики 
  • Да се воведат и спроведат закони кои ги штитат демократските институции, јавниот дискурс и изборниот интегритет, истовремено казнувајќи го странското и домашното мешање.
  • Да се воспостават независни регулаторни тела за следење на дезинформациите, хибридните закани и операциите за политичко влијание.
  • Да се развијат правни механизми за спротивставување на странски малигни финансирања во медиумите, политичките кампањи и граѓанските организации.
  1. Зајакнување на изборниот интегритет
  • Да се спроведат сеопфатни системи за мониторинг на изборите за детектирање и откривање манипулации, мешање и измама. 
  • Да се обезбеди финансиска и логистичка поддршка за независните иницијативи за граѓанско набљудување на изборите.
  • Да се подобрат мерките за сајбер безбедност за изборната инфраструктура за да се спречи хакирање и странско влијание.
  1. Зајакнување на граѓанското општество и независните медиуми
  • Да се даде поддршка на граѓанските организации и независните медиуми во развивањето на ефективни мрежи за проверка на факти и следење на дезинформациите во реално време.
  • Да се обезбеди финансирање за мониторинг заснован на граѓански организации и медиумски платформи фокусирани на истражување и спротивставување на крајно десничарски и операции на малигни влијанија.
  • Да се поттикне соработка помеѓу медиумите, граѓанските организации и академските институции за подобрување на програмите за медиумска писменост. 
  1. Спротивставување на дезинформациите и пропагандата
  • Да се развијат иницијативи против пропагандата во партнерство со доверливи и посветени независни медиуми и граѓанско општество.
  • Да се започнат големи кампањи за подигање на јавната свеста во однос на ризиците и влијанието на дезинформациите.
  • Да се поттикнат платформите на социјалните медиуми да спроведуваат построги политики за умереност на содржината во однос на дезинформации спонзорирани од државата.  
  1. Градење меѓусекторска соработка
  • Да се воспостават меѓупартиски акциски работни групи за промовирање на демократијата и спротивставување на авторитарното влијание.
  • Да се зајакнат меѓународните партнерства меѓу демкратските влади, организации и институции.
  • Да им се олесни на платформите да споделуваат знаење помеѓу новинарите, истражувачите и креаторите на политики.
  1. Обезбедување финансиска и институционална поддршка
  • Да се обезбедат механизми за долгорочно финансирање иницијативи за промовирање на демократијата и следење на хибридните закани.
  • Да се доделат ресурси за програми за обука кои ќе ги опремат граѓанските актери, новинарите и креаторите на политики со вештини за борба против дезинформациите.
  • Да се обезбеди директна поддршка на поединци и организации кои се соочуваат со правни и финансиски закани поради нивната продемократска работа.   

Авторитарните тенденции се во подем – времето за дејствување е сега: Вовед во клучниот документ со препораки на глобалната иницијатива „Одбрана на демократијата“

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Одбрана на демократијата и човековите права“полииткипрепоракиЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ