• Latest

Одбраната на Јанакиески бара изземање на вештакот во „Топлик“, оти имал ќерка во СЈО

January 30, 2018
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Одбраната на Јанакиески бара изземање на вештакот во „Топлик“, оти имал ќерка во СЈО

January 30, 2018 13:27
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одбраната на обвинетите во случајот „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кој е осомничен и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, бара да се изземе вештачењето на СЈО од доказите, бидејќи ќерката на вештакот работела во СЈО. Адвокатот, Јаким Наумов, рече дека поради оваа околност, постои конфликт на интереси помеѓу вештакот и СЈО.

Одбраната тврди дека вештачењето е пристрасно и необјективно и содржи „правно невистинити податоци“. Инаку, геодетското вештачење го изготвил сега актуелниот директор на агенција за катастар, Борис Тунџев. Судијата Осман Шабани, барањето за изземање го внесе во записникот.

Обвинителот на СЈО, Бурим Рустеми истакна дека приговорот на одбраната е неоснован, бидејќи според законот, изземање може да се бара ако вештакот е во работен однос со обвинетиот или оштетениот.

– Фактот дека ќерката на вештакот е вработена во СЈО нема основ – рече Рустеми.

Судијата соопшти дека Судечкиот совет ќе одлучи за барањето дополнително со решение на кое ќе биде дозволено право на жалба. Поради ова денешното рочиште се одложи за 8 март во 10 часот.

Инаку, одбраната бараше судот да одлучи за нивниот приговор, пред почетокот на главната расправа. Тие се повикаа на одлуката на судот во случајот на Зоран Заев, „Поткуп“ каде одбраната на премиерот бараше првин да се одлучи за изземањето на посебните истражни мерки, односно снимките што се објавени на „Јутјуб“, па потоа да почне главната расправа.

– Ако важи во случајот на Заев, треба да важи и овде – рече адвокатот Наумов, кој патем е еден од адвокатите на Заев во „Поткуп“.

Денеска се одложи и рочиштето „Труст“, бидејќи судијката Лидија Зимбовска била болна.


Извор: META

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.
Tags: МакедонијаМиле ЈанакиевскиСЈОсудствоТоплик
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ