Седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на чиј дневен ред единствена точка беше Предлог-законот за изменување на Законот за јавните собири во прво читање, е одложена за утре.
Целта на измените кои се предлагаат на Законот за јавните собири, е негово усогласување со новиот Закон за прекршоците, а се врши и интервенција во однос на името на државата со цел имплементација на уставните амандмани 33 и 36 и Уставниот закон за нивно спроведување.
извор: МИА